Мерко: „Безбедносната состојба во Струга не е нарушена“

Градоначлникот на Струга, Рамиз Мерко јавно проговори за последните случувања во Струга и Струшко. Тој вели дека протестот организиран од Исламската верска заедница, каменувањето на вевчанскиот автобус, сквернавењето на црквата во селото Октиси, кршењето на четириметарскиот крст во село Боровец, палењето на државното знаме во два наврати, немаат никаква политичка заднина.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ramiz Merko
Ramiz Merko

Ramiz MerkoГрадоначлникот на Струга, Рамиз Мерко јавно проговори за последните случувања во Струга и Струшко. Тој вели дека протестот организиран од Исламската верска заедница, каменувањето на вевчанскиот автобус, сквернавењето на црквата во селото Октиси, кршењето на четириметарскиот крст во село Боровец, палењето на државното знаме во два наврати, немаат никаква политичка заднина.  Мерко додава дека континуирано е во разговори со муфтиството и со муфтијата Ферад Полиси, како и со советот за превенција и претседателот и заменикот на комисијата за етничка рамноправност. Градоначалникот вели дека сака деновиве  да се сретне и со градоначалникот на Вевчани, Перо Илиевски, со цел да се решат проблемите кои настанаа по Вевчанскиот карневал. Со цел да се спушти топката, денеска во општина Струга градоначалникот се состанал и со претставници на повеќето месни заедници.
„Доволно е само да добиеме јавно извинување, се друго ќе се реши“, вели Мерко.
Градоначлникот открива дека два дена пред протестот во Струга, телефонски го побарал градоначалникот на Вевчани, кога и се договориле да се сретнат.

Ramiz Merko„Вечерта се слушнавме и направивме средба ден пред протестот, заедно се сретнавме со муфтијата во 11 часот јас и градоначалникот на Вевчани, отидовме во муфтиството се сретнавме со муфтијата и со неговите соработници го отвориме прашањето околу случувањата со вевчанскиот карневал. Градоначлникот ги призна сите тие работи, за што има и CD и други снимки. Побаравме лично тој да побара извинување за да не дојде до некој простест за наредниот ден иако тој на некој начин веќе беше алармирано“, вели градоначалник на Струга.

Според Мерко,  Градоначалникот на Вевчани, Илиевски, рекол дека проблемот настанал затоа што никој не знаел какви маски ќе има на карневлот, по што рекол дека  ќе направат се, наредните години да не се случат вакви проблеми.

„ Јас му понудив уште нешто му реков, јас заедно со вас и со Муфтијата да излезиме во локална телевизија и да ја прикажеме целата состојба за утредента да недојде до протести. Верувате или не, а ова ќе го потврдат и муфтијата и неговите соработници рече да, ако ги најдам добро е да излеземе јавно. Додека за утрешниот протест рече добро е да одвива да се реализира, за да видат истите вакви маски во иднина да не направат“, рече Мерко.

„Протестите организирани од страна на ИВЗ, против антиисламистичките маски на Вевчанскиот карневал не ги поврзувам со политика, туку истите се резултат на навреда која ги извади на протест граѓаните од муслиманска вероисповест“, вели Мерко.

goli jarboli pred opstina StrugaСпоред градоначалникот, безбедносната состојба во Струга воопшто не е нарушена. Тој се надева дека во Струга и Струшко повеќе нема да има инциденти од ваков тип. Градоначлникот Мерко уште додаде дека на протести излегол со чисто срце и затоа што така се чувтствувал и додаде дека не се чувствува политички злоупотребен.
Што се однесува до знамињата пред општина Струга, грдоначалникот уште еднаш потенцираше дека истите биле намерно симнати неколку денови пред протестите затоа што биле искинати од ветар и додаде дека биле порачани нови кои за скоро време ќе бидат поставени на јарболите пред зградата на општина Струга.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top