Лампард: Ние бевме посилниот тим

Френк Лампард верува дека Челзи може да го елиминира Интер и покрај поразот на Џузепе Меаца, смета дека тие биле посилниот тим на синоќешниот натпревар.

 |  Маја Савиќ  | 
Lampard
Лампард

Frank LampardФренк Лампард верува дека Челзи може да го елиминира Интер и покрај поразот на Џузепе Меаца, смета дека тие биле посилниот тим на синоќешниот натпревар.

Лампард верува дека голот постигнат во гости може да се покаже како многу значаен за вкупниот победник во дуелот против Челзи.

“Има уште еден натпревар. Статистички по поседот на топката, шутеви кон голот, мислам дека ние бевме подобриот тим, но знаевме дека Интер така ќе игра” – вели Лампард.

“Мурињо е многу паметен и знае како да одигра. Но се надеваме дека голот постигнат во гости ќе ни даде шанса да одиме понатаму”.

Челзи можеше да добие пенал кога Волтер Самуел стартуваше врз Калу, но судијата не мислеше дека тоа е прекршок за најстрога казна, доколку досудеше 11 метри тоа можеби ќе беше и црвен картон за дефанзивецот на Интер.

“Калу мисли дека е пенал, а доколку беше пенал тоа е и црвен картон, па натпреварот ќе беше комплетно поинаков”.

“Но тоа што е мораме да го прифатиме, треба да размислуваме за реванш натпреварот”.

“Имаме гол постигнат во гости, но јасно е дека треба да ги победиме на Стемфорд Бриџ” – вели Лампард.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top