Поддршка за законските измени на регулативата за лицата со посебни потреби

Охриѓани и стружани масовно ги поддржаа законските измени на регулативата за лицата со посебни потреби.

 |  Валентина Неловска  | 

Охриѓани и стружани денес се приклучија на граѓанската иницијатива за измени во законската регулатива која се однесува на лицата со посебни потреби. Од 10 часот, кога почна собирањето на потписите, до пладне над 200 граѓани ставија потпис на петицијата за поддршка на законските измени, информира Гордана Лолеска од Здружението на граѓани со ретки болести.

„Задоволна сум што охриѓани покажаа голема зрелост и познавање на барањата од родителите. Медиумите си го направија своето и граѓаните беа запознаени со нашите барања и доброволно го дадоа својот потпис“, истакна Лолеска.

И стружани покажаа големо разбирање и поддршка за барањата на децата со посебни потреби. Сите предложени законски измени е повеќе од потребно да се доенсат и се надеваме дека барем дел од тоа ќе се постигне, вели Анита Гагоска Шутиноска од струшката НВО „Порака Нова“.

„Денес сме задоволни од одзивот. За еден час собравме 200 потписи што е одличен одзив. Акцијата продолжува и во петок и ќе собереме поголем број потписи, стружани се доста свесни“, напоменува Гагоска Шутиноска.

Потписите за граѓанската иницијатива ќе се собираат и во текот на утрешниот ден.

 

 

Барањата, кои родителите на децата со посебни потреби ги актуелизираа деновиве, се однесуваат на законски измени кои треба да се направат во наредните 6 месеци и три години. Во измените за шест месеци родителите бараат да се зголеми посебниот додаток нега на друго лице, лицата со посебни потреби кои се постари од 26 години да се издвојат од возрасните кои примаат туѓа нега, да се избришат годините на возрст на лицето корисник на правото за мобилност, право на надомест на плата на родител на лице со посебни потреби, надоместот на платата да не е помал од половината просечна нето плата за последните 6 месеци, како и добивање на ортопедски помагала врз основа на секојдневните потреби.

Во измените кои се предлагаат да се направат за три години, родителите бараат право на персонален асистент, право на пензија со 20 години работен стаж, државата да биде старател кога тие не ќе можат да се грижат заради болест или по нивната смрт. Потоа според можностите лицата да се вклучуваат и да бидат општествено корисни, да се создаваат технички и инфраструктурни услови, ослободување од партиципации и трошоци на придружник при болничко лекување, стимулирање на наставниците во образовните институции кои работат со деца со посебни потреби.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top