Сонцето мина низ „целосна измена на половите“, а северниот и јужниот пол ги заменија места во средината на соларниот циклус 24.
Во Охрид нема откриени нови случаи на ХИВ позитивни лица
Дебарско – кичевската епархија ги известува православните верници дека утре, 31-ви март, во црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско, со почеток во 17:00 часот, ќе се служи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, (последен во Великиот пост).
Еди Џордан, шефот на првиот тим на Михаел Шумахер во формула 1, верува дека Германецот е “луд” откако избра да се врати во спортот оваа година. Ирецот останува на тврдењето дека победникот на рекордни 91 трки во спортот требал да остане со епитетот најдобар возач на сите времиња, наместо да ја ризикува репутацијата против младите возачи оваа сезона.
Следната трка се вози на 8 април за големата награда на Бахреин
Граѓаните сметаат дека цената на јајцата ќе се зголеми во пресрет на Велигденските празници. Велат дека трговците го чекаат токму празникот за да печалат. Производителите пак не најавуваат поскапување на јајца. Тие убедуваат дека јајца ќе има во доволна количина.
Спроведување на реформите се чекори со кои треба да се обезбеди подобра иднина на граѓаните. Тоа не го бара ЕУ за себе, туку за граѓаните во Македонија. Оваа порака доаѓа од Евро амбасадорот Самуел Жбогар, при денешната посета на Охрид. Реформите во судството, медиумите, независни институции во системот, се само дел од неопходните реформи кои нашата земја треба да ги спроведе час поскоро.
Во регионов отпадот е главниот проблем за охриѓани, граѓанските организации и институциите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град