Мај 10, 2017

Основното училиште Св. „Климент Охридски“ се промовира пред родителите кои имаат првачиња

Основното училиште Св. „Климент Охридски“ се промовира пред родителите кои имаат првачиња. Истакнати беа условите во училиштето, постигнатите успеси, безбедноста, едносменското работење и други предности со кои училиштето ги придобива новите ученици.


Мар 21, 2012

Акумулацијата Шум издадена под концесија

Од МЈП „Проаква“, загрижени дека ќе биде загрозена безбедноста за снабдување со вода за пиење.


Мај 9, 2017

„Рециклирање и имагинација“

Во сукњички и панталони од најлонски кеси, креп хартија и други рециклирани материјали и пеејќи песнички  за планетата земја дечињата од градинката Јасна Ристеска покажаа како треба да се чува природата. Приредбата беше дел од  проектот „Рециклирање и имагинација“ кој тимот од градинката го реализира во сите групи.


Мар 31, 2010

Московјани убедени дека ќе дадат гол против Интер

Во ЦСКА оптимизмот го темелат на неиграњето на дефанзивниот крал на Италијанците, Лусио, како и на Мота.     Тренерот на ЦСКА Москва, Леонид Слутски, со голема самодоверба кажа дека неговиот тим оди во Милано да постигне гол против Интер. Тој очекува тежок натпревар, особено откако Интер загуби од Рома во домашниот шампионат.


Сеп 26, 2021

Расфрлано ѓубре на детското игралиште кај „Климент Колески“

Од сликите кои ни пристигнаа денес од нашата сограѓанка Кристина Узелац, може да видиме расфрлано ѓубре на детското игралиште кај Спортскиот центар „Климент Колески“. Сликите се во склоп на рубриката „Ти си твојот град“.


Мај 9, 2017

Успешно реализирана студентската крводарителска акција

Во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“, Црвен крст Охрид на Факултетот за туризам и угостителство организираше студентска крводарителска акција.


Авг 18, 2021

Станари на зграда и хотел се обвинуваат меѓусебно за создавање депонија

Станари на станбена зграда и хотел одлагаат одпад на иста локација и се обвинуваат меѓусебно за создавање депонија и расфрлање на отпадоци низ околното зеленило. Од ЈП Охридски комуналец велат дека подигнуваат огромни количини отпад вдолж источното крајбрежје во делот на хотелите, вилите и апартманите. Екипите кои работат во три смени и подигнуваат отпад почесто од законската обврска наидуваат и на проблеми, велат од претпријатието.


Мај 8, 2017

Автентични фотографии од победата над фашизмот

30 автентични фотографии од победата над фашизмот. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше отворена изложбата по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот. Пораката која што ја праќа оваа изложба е дека не треба да го заборавиме 9ти мај и тоа што нашите минати генерации и претходници го вградиле за тоа што денес го имаме и треба да го чуваме и негуваме.


Мај 8, 2017

Зголемување на бројот на летови до охридскиот аеродром бараат туристичките работници

Зголемување на бројот на летови до охридскиот аеродром, бараат од ХОТАМ и туристичките работници од охридско струшкиот регион. Дел од нив предлагаат враќање на некогашните линии од Љубљана, Белград, Виена, Дизелдорф до Охрид како и обезбедување аранжмани преку цела година а не само за летната сезона.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top