Зголемување на бројот на летови до охридскиот аеродром бараат туристичките работници

Зголемување на бројот на летови до охридскиот аеродром, бараат од ХОТАМ и туристичките работници од охридско струшкиот регион. Дел од нив предлагаат враќање на некогашните линии од Љубљана, Белград, Виена, Дизелдорф до Охрид како и обезбедување аранжмани преку цела година а не само за летната сезона.

 |  Николоска Биљана  | 

Повеќе авиолинии до најголемиот и најатрактивен туристички центар, Охрид, бараат туристичките работници од охридско струшкиот регион. Туристичките работници од хотелскиот еснаф смеаат дека од исклучителна важност е гостите наместо во Скопје да слетуваат во Охрид.

„Секако треба да се разгледаат сите опции кои постојат за зголемување на бројот на летовите до охидскиот аеродром. Тука не гледам некоја конкуренција помеѓу охридскиот и скопскиот аеродром бидејќи и двата се на ТАВ, така да и во нивен интерес е да бидат подеднакво искористени, не во еден да има гужви а другиот да биде неискористен, но и од аспект на развивање на туристичката зона Охрид, Струга и поврзување со што повеќе дестинации е од заеднички интерес на сите да ги добиеме тие летови“.

Исто така тие укажуваат дека добро би било да се прават аранжмани не само во лето, туку и преку цела година, со тоа што на туристите ќе им се понуди и Струга како дестинација. Теута Зиба Џеладини, туристички работник, смета дека треба да се воведат авиолиниии каде што има најмногу наши иселеници, но и да се вратат некои од летовите кои веќе некогаш биле застапени на охридскиот аеродром.

„Пред многу години, охридскиот аеродром ги намали летовите иако имаше многу убави дестинации за Љубљана, Белград, Виена, Дизелдорф. Ова беше погрешна политика на Владата, не велам дека не треба да се воведат нови линии ефтини како што е Визер, ама треба да се воведат линии од Охрид за да можат патниците да се ориентираат во Охрид и Струга кои што важат за убави туристички дестинации“

Неодамна генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој, кажа дека од нивна страна Охрид добро го промовираат и нивните очекувања биле дека борјот на патници ќе биде до 200 000. Инаку и оваа сезона неколку чартер летови ќе носат туристи од Амстердам, Белград, Брисел, Полска, Тел Авив.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top