Автентични фотографии од победата над фашизмот

30 автентични фотографии од победата над фашизмот. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше отворена изложбата по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот. Пораката која што ја праќа оваа изложба е дека не треба да го заборавиме 9ти мај и тоа што нашите минати генерации и претходници го вградиле за тоа што денес го имаме и треба да го чуваме и негуваме.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Победата над фашизмот, доловена преку триесеттина автентични фотографии од Втората светска војна. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше отворена изложбата по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот. Организатори на овај настан беа Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид и Општина Охрид.

Пораката која што ја праќа оваа изложба е дека не треба да го заборавиме 9ти мај и тоа што нашите минати генерации и претходници го вградиле за тоа што денес го имаме и треба да го чуваме и негуваме, рече почесниот конзул на Руската федерација во Охрид, проф. Д-р Велимир Стојковски.

Преку 30 фотографии е преставен денот на ослободувањето на различни градови низ Европа, во кои учествувала и руската армија. 9 мај како Ден на победата над фашизмот се прославува во целиот свет. Тоа е еден голем ден бидејќи е извојувана една од најкрвавите битки можеби воопшто во историјата на човештвото,рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Гордост е што бевме дел од антифашистичката борба кога беше пролеана многу крв за да се дојде до долго посакуваната слобода, а со тоа да стигнеме и до независноста на нашата земја. Беше остварен вековниот сон на нашите предци која беше заокружена со одржување на референдим преку кој дојдовме до самостојна и суверена држава, рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Изложбата беше посетена и од најмладите кои можеа да ги погледнат фотографиите и да добијат повеќе информации за безусловната капитулација на Третиот Рајх потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top