Успешно реализирана студентската крводарителска акција

Во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“, Црвен крст Охрид на Факултетот за туризам и угостителство организираше студентска крводарителска акција.

 |   | 

Спроведена уште една од редовните крводарителски акции, предвидени со годишниот план и програма, на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Денес во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, уште еднаш студентите ја искажаа својата хуманост. Од организацијата задоволни од собраните единици.

„Денеска до овој момент се реализирани 28 единици крв, со што веќе ја надминавме очекуваната бројка. 0.48 (лепи) 0.53Оваа акција е отворена и покрај студентите и граќанството може да дарува крв и на наше задоволство денес имавме крводарители кои специјално дојдоа за овој момент“ објасни Анета Јовановска – координатор О.О. „Црвен Крст“ Охрид.

Вроди со плод апелот до оние кои имаат крвна група АБ негатив, да даруваат крв на оваа акција, која ќе се употреби за операција на наш сограѓанин.

„Големо благодарам и во мое име до оние со таа крвна група, АБ- кои денес се одѕваа во крводарителската акција, но еве нека продолжи апелот бидејќи сеуште е потребна крв од таа крвна група, во текот на утрешниот ден можат да даруваат крв во трансфузионата медицина во Охрид“ потенцира Анета Јовановска – координатор О.О. „Црвен Крст“ Охрид.

Покрај студентите од двата факултети во Охрид, и други хумани граѓани ја даруваа драгоцената течност и станаа активни учесници на оваа крводарителска акција. Инаку денешната крводарителска акција се реализира во рамки на одбележувањето на Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top