ти си твојот град

Депонија во Стариот дел на Охрид

Несовесен граѓанин секојдневно наталожува ѓубре во Стариот дел на Охрид, каде што поминуваат бројни домашни и странски туристи.
 |  инфодеск  | 
ѓубре во стариот дел на охрид

Еден куп ѓубре, секојдневно се наталожува од несовесен граѓанин кој живее во Стариот дел на градот. Сликите до рубриката „Ти си твојот град“ ни ги испрати Мариа Бошале, а ова е нејзиниот коментар:

Наталожено ѓубре среде Стариот дел од Охрид, каде го гледаат многубројни туристи кои нон стоп го снимаат. Човеков зема социјална помош, зема храна за загрозени жители од Охрид и покрај тоа што е здрав и прав, а не врши никаква општо корисна работа. Барем да си го собира ѓубрето и да го носи во контејнер. Од локацијата се шири непријатен мирис, а се наоѓа на агол од две улици – вели Мариа Бошале за „Ти си твојот град“.

Погледнете ги сликите!

ѓубре во стариот дел на охрид

пластични шишиња и ѓубре во стар град

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top