ти си твојот град

Дали Охрид ја заслужува ваквата слика?!

Во „Ти си твојот град“ пристигнаа слики од граѓани кои прашуваат : Дали вака треба да изгледа центарот на најголемиот туристички бисер?
 |  инфодеск  | 

Дали вака треба да изгледа центарот на најголемиот туристички бисер во земјава? – прашуваат револтирани граѓани на Охрид кои секојдневно се соочуваат со проблеми на нивната улица. Станува збор за уличка која се наоѓа позади Општина Охрид, во центарот на градот. Ова е нивниот коментар:

На само 300 метри од општинската зграда се наоѓа т.н. „улица“ која никој од властите изминатите години не чувствува потреба да ја асфалтира. Изминативе години на таа т.н. улица веќе се изградени згради чии станари секојдневно дома си одат по чакал и кал. Оваа улица е и паркинг за кој ќе стигне да си паркира бесплатно. Место на кое секој може да си стави две три дрвца и синџир за да си обезбеди паркинг…Отпадоци на сите страни, со еден збор нешто што Охрид не смее да си го дозволи. Сликата на оваа улица станува уште полоша кога ќе заврне дожд – велат граѓаните за „Ти си твојот град“.

Погледнете го и видеото на следниот линк

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top