Ознака: Охридско

Во охридско- струшкиот регион вчера се случија три сообраќајни незгоди

Post Views: 15 Синоќа на улицата „15-ти Корпус“, во близина на бензинската пумпа „Навис“ се случи тешка сообраќајна незгода. Од СВР информираат дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 62- годишен охриѓанец на кого налетало патничко моторно возило марка „Рено Еспејс“ со охридски регистарски ознаки кое по улицата се движело од правец на селото Лескоец кон улицата „Железничка“.На местото на сообраќајната незгода, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид како и овластени судски вештаци.Основната...

Continue reading

„МЕПСО“ ќе ја поднови мрежата во охридско

Post Views: 2 МЕПСО потврди дека постоечки водови кои се во функција повеќе од 50 години во Охридскиот регион, ќе бидат заменети со нови. Меѓу најзначајните проекти на кои ќе се работи во блиска иднина е изградбата на нов 400 kV далекувод што ќе ги поврзува електропреносните системи на Република Македонија и на Република Албанија и изградба на нова 400/110 kV трансформаторска станица во Охрид. Овој проект вклучува изградба на неколку нови 110 kV далекуводи кои ќе заменат постоечки водови, модернизација на примарна и секундарна високонапонска опрема низ повеќе трансформаторски станици...

Continue reading

Во Курајца, охридско, добро се живее

Post Views: 2   Охридското село Курајца станува се поатрактивно за посета, не само во летниот период туку и во зима. Дрвата за огрев се одамна сместени во селските дворишта а огништата веќе ја шират топлината во секој дом во Курајца. Топло добредојде во ова село ни ни посака баба Богдана Крстаноска. Таа ни понуди ракија и кафе за загравање, а ни кажа дека црвеното вино веќе е во бочвите, месото било подготвено, а зимницата одамна е готова. За своите 80 година баба Боца добро се држи, досега освен за грип други лекови не се напила. Таа раскажа како се живее во Курајца. Вели дека може...

Continue reading

Концерт за флејта и пијано на „Охридско лето“ со грчки уметници

Post Views: 10 Во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе настапат грчките уметници Захаријас Тарпагос на флејта и Валерија Харитиду на пијано. Захаријас Трапагос е постојан флејтист на Грчката национална опера во Атина, а неговите солистички настапи го водат во најпрестижните концертни сали во светот како салата „Чајковски“ во Москва, Симфони хол во Бостон, салата „Квин Елизабет Хол“ во Лондон, салите во Атина, Солун, Токио, салата на фондацијата Оназис и многу други. Како еден од членовите на составот „Армониа атенеа“ и „Камерата мјузик“ има остварено...

Continue reading

Селата во охридско стануваат се попривлечни за странците

Post Views: 2 Странците се повеќе се заинтересирани за посета на руралните населби во околината на Охрид.  Селата опкружени со прекрасна природа  и традиционалната гастрономска понуда се интересни за странските гости. Жителите од руралните населби се повеќе се свртуваат кон развој на селскиот туризам. Тие се повеќе инвестираат во изградба на нови капацитети кои се нудат на туристичкиот пазар. Едно  од охридските  села во кое започна да се развива алтерантивниот туризам  е селото Куратица.  „Селото Куратица е лидер во развојот на алтернативниот туризам, не само во овој регион туку...

Continue reading

Во селските водоводи во охридско и понатака тече неисправна вода за пиење

Post Views: 0 Селските населби и понатака се снабдуваат со небезбедна вода за пиење. Во селските водоводи  тече нехлорирана вода за пиење. 90 посто од контролираните  примероци од селските водоводи не се за употреба и има забрана за пиење. Водата е без дезинфекционо средство  или со недоволен хлор, кој треба да го содржи  според Законот за безбедност на вода, велат од Центарот за јавно здравје. „ Не може да се каже дека некаде има постојано хлор , освен во селските водоводи кои  ги контролира Проаква и се   приклучени на градскиот водовод“,  информира броматологот Сашо Точков. Извештаите...

Continue reading

Водостојот на Охридско езеро намален за еден сантиметар во споредба со вчера

Post Views: 1 Водостојот на трите природни езера во земјава е намален во споредба со вчера. Според последните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро е намелено за два сантиметра, а на Преспанското и Охридското Езеро за по еден сантиметар во споредба со вчера. Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,64 метри повисок од повеќегодишниот просек за август, додека нивоата на другите две природни езера се пониски од просечните и тоа за девет сантиметри кај Охридското и за 1,62 метра кај Преспанското Езеро. Пониски од просечните се и водостоите...

Continue reading

Хотелите на охридско струшката ривиера имаат големи трошоци за греење во зимскиот период

Post Views: 4 Анализите направени од Свис  контакт заедно со Регионалниот центар за топлинска ефикасност во последните 2 години за хотелите покажале дека објектите на охридско- струшката ривиера имаат големи трошоци за вода и електрична енергија. Тоа е посебно изразено во зимскиот период и многу објекти  се под клуч. Повеќето хотели  имаат застарени системи за греење и користат нафта, а немаат и добра топлинска изолација. За да се подобри енергетската ефикасност на објектите со финсиска поддршка на Свис контакт се  одржа работилница на која учествуваа  хотелиери, министерството за...

Continue reading

Романски уметници вечерва на „Охридско лето“

Post Views: 1 Целовечерен концерт во рамките на 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе одржат романско-германскиот контрабасист Петру Иуга и  романскиот пијанист Хориа Михаил. Тие ќе настапат вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Романскиот контрабасист Петру Иуга е еден од најуспешните музичари од неговата генерација. Уште за време на студиите во Романија е забележан од Јехуди Мењухин и Алберто Луси кој го пријавува на Интернационалната музичка академија „Мењухин“ во Гштаад (Швајцарија). Студиите ги продолжува на Високата школа за музика и уметност во...

Continue reading

МНТ и режисерот Неќак донесоа нов театарски израз на „Охридско лето“

Post Views: 0 Современата музичка драма „Само глас“ на Македонскиот народен театар вчера беше изведена како дел од драмската програма на фестивалот „Охридско лето“. Работена според текст од младата српска авторка Нина Плавањац, „Само глас“ е приказна за позната актерка која останува сама и напуштена токму од помладиот партнер, балетан, кому му помогнала да ја изгради кариерата, при тоа губејќи ја сопствената доверба и останувајќи само со единствениот подарок што и останал од партнерот, пајакот Тарантула. Таа глумица бара нов почеток затоа што со сѐ расчисти на некој начин. И’ се...

Continue reading

Пијанистот Александар Штаркман вечерва на „Охридско лето“

Post Views: 20 Американскиот пијанист со руско потекло Александар Штаркман вечерва ќе биде дел од музичката програма на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Штаркман настапува ширум САД во концертните сали во Њујорк, Сан Франциско, Бруквил, Палм Бич, Сарасота, како и на Фестивалот во Равинија. Неговите оркестарски настапи вклучуваат концерти со симфониските оркестри во Далас, Форт Ворт, со Чикаго „Синфониета”, фестивалскиот оркестар во Нортвуд и камерниот оркестар во Албакерки. Во 1995 година, Александар Штаркман ја добива...

Continue reading

Домашните гости се враќаат на охридско – струшката ревиера

Post Views: 0   Домашните гости се враќаат на охридско струшката ревиера.  Оваа туристичка сезона домашните посетители изненадија. Заклучно со месец јули, според податоците на Државниот завод за статистика бројот на домашни гости за 25% е поголем,вели Ѓоко Апостолов од Тлер. Тој смета дека овој податок радува, имајќи ги во предвид неколку околности кои можеа да влијаат истата да биде загрозена. „Ако може до овој момент според официјалните податоци да сумираме јас би ја окарактеризирал како доста успешна бидејќи имавме мигранска криза на почетокот на сезоната, актуелната политичка...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top