Во селските водоводи во охридско и понатака тече неисправна вода за пиење

Во селските водоводи во охридско и понатака тече  неисправна вода за пиење.

 |  Валентина Неловска  | 

Селските населби и понатака се снабдуваат со небезбедна вода за пиење. Во селските водоводи  тече нехлорирана вода за пиење. 90 посто од контролираните  примероци од селските водоводи не се за употреба и има забрана за пиење. Водата е без дезинфекционо средство  или со недоволен хлор, кој треба да го содржи  според Законот за безбедност на вода, велат од Центарот за јавно здравје.

„ Не може да се каже дека некаде има постојано хлор , освен во селските водоводи кои  ги контролира Проаква и се   приклучени на градскиот водовод“,  информира броматологот Сашо Точков.

Извештаите од контролата на водата за пиење се испраќаат и до инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство. Тие донесуваат забрана водата да не се пие доколку резултатите покажеле дека водата не е исправна за пиење. Се издава мерка да се хлорира за да се подобри и тука завршува нивната ингеренција, тврди Трајче Донев државен советник од Агенцијата.

„ Тоа е работа на локалната самоуправа. Ние од агенцијата даваме забрана да се користи и наложуваме на локалната самоуправа да  се најде соодветно решение.Тоа не е градски водовод и не може што да направат, но ние даваме решение дека не може да ја користат и  повеќе од тоа не можеме да направиме од тоа“, уверува Донев.

15 години жителите  од селата кои не се приклучени на градскиот водовод пијат  вода со променлив квалитет  каде што често има патогени бактерии. Од Локалната самоуправа  досега не  презеле  конкретни зафати за решавање на овој сериозен проблем. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top