Ознака: Охридско

Пристапен туризам во охридско-струшкиот регион

Post Views: 5 Охридско-струшкиот регион ќе воведува пристапен туризам. Невладината „Порака Нова” од Струга е првата организација во земјава, која што стана членка на Меѓународната организација и Европската мрежа за пристапен туризам. Ќе се работи на проекти за туристичките атракции, музеите, црквите, културно историските споменици и плажите вдолж брегот на Охридското езеро да станат пристапни и за инвалидизираните лица.Сега веќе почнуваме проекти за воведување на пристапниот туризам и се надеваме дека во скоро време би отвориле и социјално претпријатие кое би нудело услуги...

Continue reading

Недостиг на готвачи и шефови на кујна во охридско-струшкиот регион

Post Views: 6 Готвачи и шефови на кујна се најдефицитарен кадар во охридско-струшкиот регион. Пандемијата, затворањето и рестрикциите дополнително го продлабочија проблемот. Готварството во светот е ценета и добро платена професија, но во земјава сеуште го нема заслуженото место, па затоа и не ги привлекува младите. Голем дел од овој стручен кадар во потрага по подобар живот заминаа во странство.Како што почна кризата се поголем и поголем е тој недостаток има доста наши колеги кои не можеа да го издржат овј притисок и преминаа во други области некои заминаа надвор – вели Влатко...

Continue reading

Недостиг на анестезиолози во охридско-струшкиот регион

Post Views: 2 Недостигаат анестезиолози во охридско-струшкиот регион. Во Струга има само тројца анестезиолози, кои се оптоварени со работа. Речиси секојдневно имаат дежурства или приправност. Само лани во време на пандемија анестезиолозите во струшката болница направиле 1 200 оперативни зафати. Или во просек по три до четири операции дневно.Бројот на анестезиолози во нашата болница е енормно мал. Ние сме само тројца анестезиолози, но со голема пожртвуваност, со голема љубов во работата успеваме да одговориме на сите предизвици. Само еден податок да кажам во текот на ланската година...

Continue reading

Помор на пчели во Охридско

Post Views: 4 Пчелар од Охридско преку проектот „Ти си твојот град“ сака да сподели загрижувачка појава со пчелните семејства во околината на Охрид. Деновиве се случува помор на пчелите за кои што пчеларите се сомневаат дека настанува поради несовесно третирање на овошките со пестициди.

Continue reading

Охридско езеро-Убавина која не се опишува со зборови

Post Views: 19 Охридското езеро е најстарото природно езеро во Европа кое се карактеризира со богата историја, култура, археолошки наоѓалишта и природна убавина. До нашата редакција пристигна една убава фотографија од Охридското езеро, а истата е збогатена со рибар кој плови со чамец.

Continue reading

Со соработка меѓу болниците во охридско-струшкиот регион се надополнува недостигот на кадар

Post Views: 1 Со ротации и взаемна соработка помеѓу болниците во регионот се надополнува недостигот на медицински кадар. Детското одделение во охридската болница околу еден месец работи само како амбуланта. Мал е бројот на деца кои изминатиов период во ноќните часови бараат здравствени услуги во соседна Струга. На уролошкото одделение во Охрид се лекуваат пациенти од целиот Југозападен регион. Исто и на нервно и на одделот за уво, нос и грло. Недостигот на кадар е затекнат проблем со кој се соочуваат повеќето здравствени установи, а не може брзо да се реши, појаснува директорот на...

Continue reading

„Охридско лето“ организира работилница посветена на македонската музика

Post Views: 5 Во организација на Националната установа „Охридско лето“ утре во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток во 19 часот ќе се одржи работилница под наслов „Ритамот – Движењето, Музиката – Дишењето“. Работилницата ќе ја одржи познатиот музичар и композитор Оливер Јосифовски, основач на групата „Љубојна“ заедно со пијанистот Филип Димишковски, Тимко Чичаковски на канон и Демир Кантуровски на труба. Ќе биде презентирана дел од музиката што на посебен начин Јосифовски ја креира заедно со „Љубојна“ во текот на изминатите години и преку која членовите на овој музички состав...

Continue reading

Охридско лето ќе одбележи 85 години од раѓањето на композиторот Томислав Зографски

Post Views: 3 Вечерашниот концерт е посветен токму на тој јубилеј. Зографски е еден од основоположниците на македонската композиторска школа и автор на повеќе од 150 дела. Тој претставува значајна алка во создавањето на современиот македонски композиторски израз, не само поради неговиот личен опус, туку и поради влијанието кое го имал во создавањето на нови млади композитори преку неговата педагошка дејност на Факултетот за музичНа авторската вечер посветена на творештвото на Томислав Зогравфски учество ќе земат реномираните македонски уметници: пијанистите Марија Ѓошевска, Елена...

Continue reading

Познатиот македонски уметник со светско реноме Дуке Бојаџиев вечерва ќе биде дел од фестивалот „Охридско лето“

Post Views: 1 Македонски композитор, пијанист и продуцент кој од 2001 година живее и работи во Њујорк, Дуке Бојаџиев вечер со свој концерт пред фестивалската публика на годинешното „Охридско лето. Низ неговата интернационална кариера, Дуке има работено со добитниците на Оскар, Џонатан Деми и Денис Тановиќ, како и со Рајко Грлиќ и Столе Попов. „Овој пат свирам со мојата стара постава со која настапувам овие години , Исмаил Лумановски на кларинет, тој доаѓа од Њу Јорк, Мартин Ѓаконовски Шпато од Келн и Костас Анастасијадис е од Солун. Тие ми се стар тим со кои работиме концерти веќе...

Continue reading

Македонско пијано дуо вечер на програмата на „Охридско лето“

Post Views: 8 Уште од периодот на почетоците на своето делување во 2001 година, пијано дуото Гелебешеви составено од Катерина Гелебешева – Костадиновска и Глигор Гелебешев се промовираа како ансамбл со ретка виталност и свежина на нашата музичка сцена. Нивните настапи се карактеризираат со перфекција во музичката креацијата доловувајќи ги суштинските одлики на композициите од технички, уметнички или стилски аспект. Од нивните првични домашни настапи кои често вклучуваат и премиерни изведби, дуото Гелебешеви постепено започна да ја проширува својата концертна дејност на интернационално...

Continue reading

Руска ноќ на пијаното на „Охридско лето“

Post Views: 5 Родена во Краснобар, Виолета Егорова започнала да свири пијано на четири годишна возраст, дебитирајќи со целовечерен рецитал кога имала 12 години. Образованието го почнува во Централното училиште за талентирани деца во Москва, а продолжува на Московскиот конзерваториум „П.И.Чајковски“ под менторство на прочуениот Лев Наумов.Виолета Егорова е лауреат на повеќе интернационални натпревари меѓу кои „Алесандро Казагранде“ во Терни, Италија, „Џина Бахауер“ во Солт Лејк Сити, „Џан Батиста Виоти“ во Верчели во Италија и др. Настапува во некои од најпознатите концертни сали во...

Continue reading

Концерт флејта пијано на програмата на „Охридско лето“

Post Views: 2 Вечерва фестивалската публика ќе има можност да ужива во звуците на пијаното и флејтата, во 21 часот во црквата Св. Софија. Истакнатите музички уметнички од Албанија, Јонела Големи и Мерита Реџа Тершана на публиката ќе им приредат вистинско музичко доживување. Јонела Големи дипломирала на отсекот за флејта на Универзитетот во Тирана, по што во 1997 година заминува на студии во Париз каде на Конзерваториумот работи под менторство на П.И. Арто. Добитничка е на бројни награди и признанија, прв победник е на натпреварот „Н. Зораки“ и прогласена е за музички уметник на годината...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top