Селата во охридско стануваат се попривлечни за странците

Селата во охридско стануваат се попривлечни за странците.

 |  Валентина Неловска  | 

Странците се повеќе се заинтересирани за посета на руралните населби во околината на Охрид.  Селата опкружени со прекрасна природа  и традиционалната гастрономска понуда се интересни за странските гости. Жителите од руралните населби се повеќе се свртуваат кон развој на селскиот туризам. Тие се повеќе инвестираат во изградба на нови капацитети кои се нудат на туристичкиот пазар. Едно  од охридските  села во кое започна да се развива алтерантивниот туризам  е селото Куратица.

 „Селото Куратица е лидер во развојот на алтернативниот туризам, не само во овој регион туку и во Македонија. Мислам дека сме лидери севкупно во Македонија. Тие процеси ги започнавме пред 10 години кога беше нешто сосема ново и еве сега стигнавме до фаза во која што имаме посетители од најразлични структури на гости, напоменува Горан Мицкоски туристички работник.

 Сепак овој сегмент од туристичката понуда сеуште е во фаза на  зародиш и се добредојдени европските искуства.   Маријана Петир, пратеник од Хрватска во Европскиот парламент кажува за искуствата со  туризмот од нејзината земја. Таа напоменува дека  18 проценти од бруто  националниот приход  во Хрватска отпаѓаат на туризмот.

 „Стоиме на располагање за потребната поддршка и од следната година планираме во Европскиот парламент да ја промовираме Р.Македонија на друг начин“, кажа Петир.

Охрид на странските пазари настапува се позасилено со адути кои се барани од туристите.

„Регионалниот пристап кон привлекување на туристи и заедничкото излегување на пазарот се значајани модерни трендови. Малку се бара статички престој на гости на едно место на подог период“, кажува Ѓоко Апостолов од општинскиот сектор за развој на туризмот. 

Охрид има можност да се повзрува со други познати туристички центри од регионот и во иднина заеднички ќе се работи на проекти за  европските пазари. На тој начин ќе се зголеми и бројот на странски туристи кои ќе го посетуваат  охридското крајбрежје во текот на целата година.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top