Ознака: општина

Голем број проекти реализирани во 2016та година во Општина Дебрца

Post Views: 7 Градоначалникот на Општина Дебрца даде отчет за работењето во 2016та год. Тој зборуваше за  и реализираните проекти во годината што измина, но и за оние кои ќе се реализираат во 2017та. Во 2016та реализирани се проекти со вкупна вредност од 76 770 000ден. Изградба на фекална канализација во село Горенци, асфалтирање локален пат од Злести до село Лешани во должина од 2км, изградба на регионален колектор за одведување на отпадни води за селата Климештани, Мешеишта, Волино, Требеништа и Горенци, асвалтирање на улица во Ботун во должина од 1км, изградба на атмосферска канализација...

Continue reading

Тлер финансиски поддржува издржани микро проекти во општина Охрид

Post Views: 7 Секторот за туризам и локален економски развој од буџетот на општина Охрид обезбеди 1 милион и 500.000 денари за микро проекти. Парите се наменети за поддршка на проекти кои ќе служат за поддобрување на водоводите, помали делници од патната инфраструктура, потпорни ѕидови, селските чешми или селските простори во  руралните заедници и микро заедници. Условите за аплицирање се стандардни и се според Стратегијата за локален економски развој на општина Охрид и подстратегијата на руралниот развој. Целта е  побрзо решавање на проблемите од областа на туризмот или другите области...

Continue reading

braka Miladinovci

Смртта на Миладиновци и после 150 год, мистерија

Post Views: 8 Во предворјето на Спомен домот на Браќата Миладиновци, денес во Струга, беше одбележан еден од најзначајните јубилеи на оваа општина, 150 годишнината од смртта на браќата Миладиновци. Разме Кумбароски од Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“, вели дека 18 јануари 1862 лето господово, е денот кој во македонската историја оставил голем белег, бидејќи во Истанбул згасна животот на големиот македонски лирски поет Константин Миладинов. Додава дека, истата зла судбина, после 4 дена го снашла и неговиот брат, големиот преродбеник Димитар Миладинов. Кумбароски потенцира...

Continue reading

Sasho Lazareski

Незаконски буџет или недолични политички игри

Post Views: 15 Заменик министерот за  Локална самоуправа Сашо Лазарески, денeс оствари работна посета во Струга.  Тој беше запознаен со најновите настани кои се случија околу донесувањето на буџетот на општината за 2012 год. По се изгледа Државниот инспекторат при Министерството за локална самоуправа ќе ја чешла постапката околу донесувањето на буџетот на општина Струга за 2012 година.После тоа ќе се знае дали овој акт кој предизвика големо внимание во јавноста, според укажувањата на членовите на партијата на власт, е или не, законски донесен, вели Лазарески од министерството за Локална...

Continue reading

Општина Охрид:Аматерските политички истапи на ОО СДСМ Охрид продолжуваат

Post Views: 7 „Аматерските политички истапи на ОО СДСМ Охрид директно делегирани од нивниот прес центар, се добро познати на охридската јавност. Веројатно во сегашниот политички момент добиле задача нивните пресови да ги поврзуваат со името на градоначалникот Никола Бакрачески на секоја можна тематика“, стои во соопштението на Општина Охрид. Па така не би не зачудило кога би прочитале дека Градоначалникот е одговорен за климатските промени, количеството на атмосферските врнежи, топењето на снегот или пак за должината на сончевата инсолација. Се разбира, темите на нивните прес конференции...

Continue reading

Ramiz Merko

Буџетот на општина Струга, топ тема

Post Views: 10 Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, во телефонски разговор за ТВМ, рече дека не се согласува со реакцијата на пратеничката Затуроска, од причина што седницата која што се одржа на 30 ти декември минатата година, претседателот не ја дозавршил и немало конечна одлука. На истата таа седница со точност не можел да се констатира бројот на гласови на струшките советници, за, против или воздржани, за да на продолжението од 35 тата седница која се одржа на 5 ти јануари се примени поединечно гласање, при што буџетот помина и се донесе одлука за негово усвојување, додава...

Continue reading

Општина Охрид на седмото место по транспарентност

Post Views: 10 На последното истражување на Центарот за граѓански комуникации од Скопје, меѓу 81 општина, Град Скопје и 15 министерства, Општина Охрид е на седмото место на рангирање на генералната скала за транспарентност. Прва според истражувањето е општината Крива Паланка. Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески рече дека истражувањето покажало дека според индексот на активна транспарентност во 2016 година, Општина Охрид во околу 70% проценти ги извршувала своите обврски кои ги имала во областа на транспарентност, со што ја добила оценката добро. Да бидам искрен рангирањето...

Continue reading

Хуманитарна акција на Општина Охрид и Црвен Крст Охрид, во пресрет на празникот Богојавление – Водици

Post Views: 1 Уште еден хуман потег на Опшина Охрид и Општинската организација на црвениот крст. Во пресрет на големиот христијански празник, Богојавление- Водици, беа поделени 50 хуманитарни пакети, составени според стандардите на Меѓународната федерација на Црениот Крст, со намирници потребни за едно четиричлено семејство. Инаку, ова е само една од низата вакви активност, за помош на ранливите категории граѓани, изјави Гордана Коњаноска – Претседател на Совет на Општина Охрид „Една во низата на повеже хуманитарни акции кои што предвидуваат извесна помош на семејствата во социјален...

Continue reading

Општина Охрид и Јапонија ја продлабочуваат соработката

Post Views: 7 Се продлабочува соработката помеѓу Општина Охрид и Јапонија. По иницијатива на градоначалникот на општина Охрид Д-р Никола Бакрачески, а во соработка со Министерството за надворешни работи и амбасадата на Р.М. во Јапонија, уште минатата година започнаa низа активности за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу научно- истражувачките институции од двете држави и тоа Музејот на езерото Бива од Јапонија од една и ЈНУ Хидробиолошки Институт од Охрид, од друга страна. Градоначалникот Никола Бакрачески активно е вклучен и го поддржува целиот процес, тој уште во Март...

Continue reading

Јованоски: Неуморно работиме за обезбедување на подобра иднина на општина Охрид

Post Views: 0 Предводени од локалната и централната власт на СДСМ докажавме посветено креирање на политики и подготвеност за реализација на значајни проекти. Неуморно работиме за обезбедување на подобра иднина на општина Охрид, истакна претседателот на охридските социјалдемократи Науме Јованоски, на денешната прес конференција. Врз внимателно идентификувани потреби на граѓаните и значителна посветеност успеавме да реализираме голем број квалитетни инфраструктурни проекти. Благодарение на градоначалникот Константин Георгиески се реконструираа и асфалтираа значајни градски сообраќајници....

Continue reading

sednica struga

Среќна Нова 2012 година, без буџет

Post Views: 1 Општина Струга во Новата 2012 година ќе влезе без буџет. Останува уште една шанса, потоа следи црвен картон за советниците или распуштање на ова тело. Струшките советници ниту денес на утринското продолжение од 35 тата седница не го поддржаа предлогот на градоначалникот Рамиз Мерко за буџетот на општината за 2012 година, кој тежи околу 13 милиони евра и е за 200 000 евра повисок од минатата година. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вели дека лошо е што политиката вмешала прсти на место каде што нема потреба, посебно тоа не треба да се прави кога е во прашање буџетот...

Continue reading

sednica struga

Одложен буџетот на општина Струга за 2012 година

Post Views: 0 Доставен буџетот на општина Струга за 2012 год. Тој изнесува околу 13 милиони евра и во споредба со претходната година истиот е повисок за 200 000 евра. Советничката група на ДПА упати сериозни забелешки кон предлагачот, градоначалникот Рамиз Мерко, бидејќи сметаат дека буџетот за 2012 година е идентичен како и претходниот од годинва што изминува. Координаторот на ДПА, Сурија Рушити, побара одговор од градоначалникот на прашањето, на кој начин ќе го реализира буџетот за 2012, кога три години наназад имаме едвај 50%  реализација.Никола Затуроски од ВМРО ДПМНЕ, смета дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top