Тлер финансиски поддржува издржани микро проекти во општина Охрид

Тлер финансиски поддржува издржани микро проекти во општина Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Секторот за туризам и локален економски развој од буџетот на општина Охрид обезбеди 1 милион и 500.000 денари за микро проекти. Парите се наменети за поддршка на проекти кои ќе служат за поддобрување на водоводите, помали делници од патната инфраструктура, потпорни ѕидови, селските чешми или селските простори во  руралните заедници и микро заедници. Условите за аплицирање се стандардни и се според Стратегијата за локален економски развој на општина Охрид и подстратегијата на руралниот развој. Целта е  побрзо решавање на проблемите од областа на туризмот или другите области од економскиот развој, напоменува Горан Мицкоски од Тлер.

„ Во нашиот повик имаме дадено можност за користење на финасиски средства на даватели на услуги во руралниот туризам кои се евидентирани во нашиот регистер според законот за угостителска  дејност. Но, може да аплицираат и за проекти да се насочат кон подобрување на условите во селските објекти за рурален туризам  и корисници можат да бидат и Месните заедници во партнерство со здружението на граѓани  за решавање на општи мали инфраструктурни проблеми во пошироката заедница“, напоменува Мицкоски.

Годинава е обезбеден максимален износ на срeдства во висина од 200.000 денари по проект. Во изминативе 6 години колку што се спроведува финансирањето на микро проектите  се одобрени околу 9 милиони денари. Одобрените средства биле строго наменски користени, тврдат  од Тлер.

„ Комисијата за евалуација е на терен и сите проекти се контролираат. Апликаните се одговорни доставуваат  комплетирани апликации и документи. Исплатата на финансиските средства се вршат по доставување на финансискиот извештај кој е еден о д услвите. Средствата не се одобруваат однапред туку со целосна контрола на завршените активности кои се дел  од проектите кои се изведуваат“, посочува Мицкоски.   

Засега проблем е аплицирањето на урбаните и месните заедници  бидејќи тие немаат статус на правно лице. За користење средства од овој проект треба да се пријават како партнери со граѓанските здруженија на нивната територија за да може наменски да искористат средства  за потребните проекти. Сите кои имаат интерес  од некој микро проект од областа на туризмот или економијата може да аплицираат во секторот Тлер до први март.    
 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top