Општина Охрид:Аматерските политички истапи на ОО СДСМ Охрид продолжуваат

„Аматерските политички истапи на ОО СДСМ Охрид директно делегирани од нивниот прес центар, се добро познати на охридската јавност. Веројатно во сегашниот политички момент добиле задача нивните пресови да ги поврзуваат со името на градоначалникот Никола Бакрачески на секоја можна тематика“, стои во соопштението на Општина Охрид. 

 |   | 

Па така не би не зачудило кога би прочитале дека Градоначалникот е одговорен за климатските промени, количеството на атмосферските врнежи, топењето на снегот или пак за должината на сончевата инсолација. Се разбира, темите на нивните прес конференции не се предмет на наша надлежност и одговорност.

Како и секогаш, стручните служби на општина Охрид се раководат и реагираат на релевантните извештаи кои произлегуваат од надлежните и одговорни институции со кои сме во постојана комуникација и координација со цел варијациите на нивото на водата да не го нарушат Еко системот или било кој аспект од заштитата на човековата околина.

На секоја несоодветност и секое постапување надвор од надлежностите и законската регулатива, жестоко ќе се спротивставиме, доколку истите доаѓаат од релевантни и стручни институции и профили“, се вели во соопштението на Општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top