Одложен буџетот на општина Струга за 2012 година

Струшките советници многу се думаа за буџетот на општината за 2012 год, за да по пет часовна расправија го одложат за претпоследниот ден од годинава, односно за 30 ти јануари.

 |  Билјана Николоска  | 
sednica struga
sednica struga

sednica strugaДоставен буџетот на општина Струга за 2012 год. Тој изнесува околу 13 милиони евра и во споредба со претходната година истиот е повисок за 200 000 евра. Советничката група на ДПА упати сериозни забелешки кон предлагачот, градоначалникот Рамиз Мерко, бидејќи сметаат дека буџетот за 2012 година е идентичен како и претходниот од годинва што изминува. Координаторот на ДПА, Сурија Рушити, побара одговор од градоначалникот на прашањето, на кој начин ќе го реализира буџетот за 2012, кога три години наназад имаме едвај 50%  реализација.
Никола Затуроски од ВМРО ДПМНЕ, смета дека треба да се направи корекција во дел од ставките на средствата предвидени за општинската администрација, односно истите да се намалат. Но повеќе се осврна на премалата сума предвидени средства за покривање на транспортните услуги на учениците во средното образование.
Субвенција за ЈП „Комунално“ како нова ставка во буџетот за 2012 година, предложи Златко Шурдоски од ВМРО – ДПМНЕ. Тој смета дека на ЈП повеќе од потребни му се средства за спас од лошата состојба во која се наоѓа.
Иако градоначалникот Рамиз Мерко на почетокот на седницата предложи безболно да се поддржи буџетот на општината за 2012, како успешно би ја заокружиле работата на Советот за 2011, сепак до тоа не дојде бидејќи партиските недоразбирања помеѓу ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ кулминираа, па така седницата се одложи за 30 ти декември.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top