Post Views: 1
Балканската регионална иницијатива што досега беше позната како „Мини Шенген” од денеска стана „Отворен Балкан“. Од први јануари 2023 нема да има граници меѓу Македонија, Албанија и Србија и протокот на луѓе ќе биде слободен, договорија премиерите Зоран Заев и Еди Рама и претседателот Александар Вучиќ.
Вучиќ, Рама и Заев потпишаа три договори:
– Меморандум за разбирање за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки на Западен Балкан – Меморандум за разбирање за соработка за слободен пристап на пазарот на трудот на Западен Балкан – Договор за соработка...
Post Views: 11
Откако одлежа две третини од 12-годишната затворска казна, Јохан Тaрчуловски денеска се враќа во Македонија, а во негова чест на плоштадot „Македонија“ попладне ќе биде организирана прослава на која ќе настапат познати пејачи од македонската забавна и фолк естрада.Планирано е Тарчуловски да оствари и средба со премиерот Никола Груевски и да положи цвеќе пред Споменикот на бранителите кој се наоѓа спроти Собранието.Тој на скопскиот аеродром „Александар Велики“ се очекува да го пречека голема маса на луѓе организирано донесени со околу 50 автобуси на Здружението на граѓани...
Post Views: 6
Атина не е задоволна од предлогот на Нимиц, не ги исполнува нејзините услови и многу веројатно е дека нема да биде прифатен од премиерот Самарас. Ова се првите неофицијални информации од Атина по вчерашната средба во Њујорк. Според информациите на Канал 5, како што на неколкупати имаме објавено проблемот за Грција е во позицијата на географската одредница. па така новиот предлог содржел придавка пред република, а не пред Македонија (нешто што грчката страна не го прифаќа) а како можни имиња се споменуваат Северна Република Македонија и Горна република Македонија.
И Катимерини...
Post Views: 28
На денешен ден се одбележува светскиот ден на Ромите во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 8-12 април 1971 година во Лондон и тоа е еден од најважните датуми во историјата на овој народ. На тој датум на конгресот се стретнаа претставници на Ромите од 14 земји во светот.
Како една од најважните усвоени одлуки се одлуката за ромско знаме и официјална химна. Ромското знаме во долниот дел има зелена боја која ја симболизира земјата, а горниот дел е обоен со сина боја која го симболизира небото. Црвеното тркало кое се наоѓа во средина на знамето ги претставува...
Post Views: 6
Секогаш постои тенденција кон збогатување и признавање на што е можно повеќе национални права, меѓу кои подигнувањето на условите за користење на мајчиниот јазик, фоклорот и културата се едни од најважните според претседателот на здружението на власи од Охрид, „Луњина“, Драган Коровешоски. Денес власите од целиот свет, каде и да се наоѓаат го прославуваат својот национален ден. Според Коровешоски, иако секогаш постои можност за подобрување, сепак во Македонија, власите уживаат најмногу права од било кое друго место.
„Сметаме дека во Македонија најдалеку е стигнато бидејќи...
Post Views: 2
Тројцата поранешни менаџери на „Маѓар Телеком“, обвинети за потплатување на политичари во Македонија и во Црна Гора, ќе продолжи на 17 април, кога одбраната ќе поднесе образложение на својата жалба поради одлуката дека судот во Њујорк е надлежен во овој спор.
Обвинетите менаџери Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи преку своите правни застапници се обидоа да ја оспорат надлежноста на Јужниот окружен суд во Њујорк да постапува по обвиненијата против нив. Во февруари судијата Ричард Саливен во целост ги отфрли барањата на тројцата менаџери, по што одбраната најави...
Post Views: 1
Зајакнување на капацитетите за имплентација на Натура 2000. Реализацијата на овој проект финансиран од ЕУ, има за цел да го подобри законодавството од областа на заштитата на природата. Даниел Богнер, тим лидерот на проeктот „Зајакнување на капацитетите за имплентација на Натура 2000“ истакна дека Македонија се труди да се приближи кон ЕУ, а во таа насока некои од законите на нашата земја треба да се приближат до европските.
„Се однесува на заштита на природата, има две директиви кои треба да се имплементираат овде и ние започпнуваме со тоа. Ние ја спремаме Македонија...
Post Views: 3
На Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ наскоро ќе биде отворен конфучио Институт откакко детаљите беа договорени меѓу скопскиот Универзитет и Универзитетот во Ченгду, Кина.
Како што информираа од УКИМ, висока делегација на кинескиот универзитет престојуваше во петдневна посета на УКИМ при што беа одржани неколку работни состаноци.
– Во присуство на претставник на Амбасадата на Република Кина во Република Македонија беше потпишан Меморандум за третата фаза за отворање на Институтот помеѓу Универзитетот во Ченгду и УКИМ. Со овој Меморандум се утврдени сите завршни...
Post Views: 12
Затворен паркингот на „Пупе Компани“. Дел од автобусите и комбињата останаа внатре. Сопственикот на превозната компанија Јован Мирчески револтиран поради поставувањето на еластичната ограда од страна на ЈП „Македонија Пат“. Мирчески рече дека неможе без никакво известување ниту усмено, ниту писмено од страна на надлежните на ЈП „Македонија пат“, да се оградува паркингот без притоа да се води сметка од каде ќе излезат возилата кои се на паркирани. Тој за надминување на проблемот даде рок до 5 ти јуни.
„Јас лично мислам дека ова е политички атак. Неможе никој да ми каже...
Post Views: 1
Централната манифестација ќе се одржи во Скопје сити мол во организација на здружението „Во мојот свет“ под покровителство на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.
Децата, заедно со поддржувачите на кампањата, ќе составуваат сложувалка со боите на аутизмот, а ќе биде приредена и музичка програма.
Целта е да се придонесе за подобрување на условите за живот на оваа ранлива група граѓани.
По повод Меѓународниот ден, делегација на Македонското научно здружение за аутизам и семејства кои имаат деца со аутизам ќе го посетат претседателот на Република...
Post Views: 2
Немој да ја палите шумата и внимателно ракувајте со оган на отворени површини. Ова е јавен апел на Противпожарниот Сојуз на Струга и на Македонија, по повод одбележувањето на 175 годишнината на организирана противпожарна заштита. Командирот на противпожарната единица Урим Крека, напомена дека превенцијата од пожари е една од најважните задачи на делување на јавната свест кај населението и дека неговата единица досега успешно се справува со пожарите во струшкиот регион.
Крека се пожали на соработката со општинската администрација. Тој рече дека таа е на ниско ниво, поради...
Post Views: 2
РК од „Охрид 2013“ годинава ја испишува својата историја во ракометот. Тие за прв пат учествуваат на турнир од висок ранг, односно обезбедија пласман меѓу четирите најдобри екипи, кои ќе се борат за трофејот во купот . Нашиот град по втор пат е домаќин на фајнал фор турнирот во ракомет во Македонија.
„Учесниците ни се познати, покрај Охрид, учествуваат гигантот Вардат, металург и Вардар Јуниор. Натпреварите се одигруваат во петок во 17 и 30 е средбата помеѓу Металург и Вардар Јуниор а во 20 часот ќе се одигра второто полуфинале помеѓу Вардар и Охрид 2013, додека во сабота...