Охрид домаќин на ракометниот Куп во Македонија

Љубителите на ракометот во нашиот град се пред нова можност да уживаат во мајсториите на најдобрите ракометари кои играат во нашата земја. За прв пат дел од нив се и охридските ракометари кои како трет фаворит ќе се обидат да го освојат македонскиот куп. Едно е сигурно, во предстојните два дена корист ќе извлечат сите посетители во спортската сала Билјанини извори кои ќе имаат можност во живо да гледаат ракомет на европско ниво.

 |  Николоска Биљана  | 

РК од „Охрид 2013“ годинава ја испишува својата историја во ракометот. Тие за прв пат учествуваат на турнир од висок ранг, односно обезбедија пласман меѓу четирите најдобри екипи, кои ќе се борат за трофејот во купот . Нашиот град по втор пат е домаќин на фајнал фор турнирот во ракомет во Македонија.

„Учесниците ни се познати, покрај Охрид, учествуваат гигантот Вардат, металург и Вардар Јуниор. Натпреварите се одигруваат во петок во 17 и 30 е средбата помеѓу Металург и Вардар Јуниор а во 20 часот ќе се одигра второто полуфинале помеѓу Вардар и Охрид 2013, додека во сабота во 17 и 30 е финалето, на кое што ќе настапат победниците од двете полуфиналиња“ – најави Апостолов.

За тоа што значи да се донесе еден ваков настан во Охрид, својот став го изнесе првиот човек на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев.

„Сакам да изразам голема благодарност до Ракометната Федерација на Македонија што ги одбра Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ по втор пат за три години да бидеме доамаќини на завршницата во Купот на Македонија во ракомет. Интензивната комуникација со РФМ и останатите спортски федерации во Македонија вродија со плод, полека но сигурно, Охрид прерасна во центар каде што се одржуваат спортски настани од поголем калибар“ – вели Мишев.

За прв пат во историјата на клубот стигнавме да игрме меѓу четирите најдобри екипи, вели тренерот на клубот Охрид 2013 Горан Андоновски.

„Екипата, раководството и играчите потполно го заслуживме со игрите во првенството и во купот. Имавме мала несреќа што го извлековме најтешкиот противник Вардар, но ќе се обидеме да го дадеме нашиот максимум и да пружиме отпор. Како што знаете Вардар е клуб со повеќе милионски буџет, составен исклучиво од репрезентативци на Шпанија, Хрватска, Словенија, Србија но дечките во изминатите два натпревари со вардар изиграа еден добар натпревар на двата меча“.

Андоновски информираше дека Иван Тасески после повредата се враќа во клубот, додека пак за натпреварот со Вардар во полуфиналето, неизвесни се бекот Иван Стојановиќ и десното крило Малик Хогас. Инаку, организаторот, раководството и играчите на РК „Охрид 2013“ очекуваат голема поддршка од публиката. Во таа насока и цената на влезница за полуфиналните натпревари изнесува симболични 50 денари, додека пак билетот за финале ќе чини 100 денари. Истите ќе се продаваат на билетарницата на влезот на СРЦ „Билјанини Извори“.

 

 

 

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top