175 години противпожарна заштита

Противпожарната заштита одбележува 175 години од нејзиното организирано делување. Под мотото „Да ја заштитиме Македонија од пожари“, денес низ сите градови во земјава се делеа флаери од екипите на пожарните единици и службите на Дирекцијата за заштита и спасување во општина Струга.

 |  Билјана Николоска  | 
175 god PP zashtita
175 год. ПП заштита

Немој да ја палите шумата и внимателно ракувајте со оган на отворени површини. Ова е јавен апел на Противпожарниот Сојуз на Струга и на Македонија, по повод одбележувањето на 175 годишнината на организирана противпожарна заштита. Командирот на противпожарната единица Урим Крека, напомена дека превенцијата од пожари е една од најважните задачи на делување на јавната свест кај населението и дека неговата единица досега успешно се справува со пожарите во струшкиот регион.

Крека се пожали на соработката со општинската администрација. Тој рече дека таа е на ниско ниво, поради неодговорниот однос на поединци, кои цела година не успеваат да регистрираат возила, кои се донација.

175 god PP zashtitaВаквиот однос на општинската администрација ја оспорува ефикасноста на струшката противпожарна единица, бидејќи пожарниот сојуз во оваа општина и онака кубури со потребните современи возила за делување при пожар. Инаку, рекламниот материјал се состои од совети за тоа како треба да се постапи при откривање на шумски пожар. Најпрво, треба да се повика 193 или 195, да се претставите по име и презиме, да кажете од каде се јавувате, да се каже локацијата на настанатиот пожар, ако се забележи некакво сомнително возило и за да може дежурното лице правилно да ве разбере, за цело време на разговорот зборувајте полека и разбирливо.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top