Ознака: кои

igracki

Кинеските играчки повторно на удар

Post Views: 4 Донесени се нови, построги мерки за безбедност на детските играчки од страна на Европската Унија (ЕУ), со што може да му се нанесе голем удар на увозот од Кина. Познато е дека оваа земја е најголемиот производител на детски играчки, од каде доаѓаат дури 80 отсто од сите играчки на европскиот пазар.Новите правила особено се однесуваат на играчкит кои ги содржат хемиските соединенија-фталати, кои се користат за омекнување на пластиката. Фталатите, се смета дека се главниот виновник за хормонските проблеми кај децата.Меѓу другото, правилата се однесуваат и на противпожарните...

Continue reading

pants down

Хрватските цариници непристојно ги „пипкаат“ туристите

Post Views: 1 Чешките туристи кои патуваат во Хрватска се жалат дека цариниците со сексуални инсинуации и „пипкања“ со изговор дека вршат проверка за присуство на дрога ги провоцираат. Чешките весници до оваа информација дојдоа трагајќи по причините за долгите колони на хрватската граница на кои последните денови се жалат чешките туристи. – Веќе никој нема да ме натера да патувам во Хрватска. Не е само чекањето, изгледа не им се допаѓавме на цариниците и моравме да отвораме се и куферите и торбите. Со девојка ми не „пипкаа“ по телото да не имаме нешто, се жали еден незадоволен...

Continue reading

prostitucija

Хрватски пејачки, манекенки и старлети во мрежа на елитна проституција

Post Views: 4 Хрватската полиција уапсила две лица и разоткрила синџир на проституција во кој учествувале самонаречени старлети и манекенки како и на лажни пејачки. Како што пишува весникот “Нов лист“ за една ноќ со овие девојки, бизнисмени издвојувале од 300 па се до 1.000 евра. “Кога некој бизнисмен би посакал придружба на згодна девојка или сексуални услуги, наоѓаме придружничка меѓу нашите ѕвезди. За тоа се плаќало, во зависност од типот на услугата од 300 до 1.000 евра“, вели во своето признание организаторот на елитната проституција во Хрватска. Полицијата го уапсила организаторот...

Continue reading

pismo

На Мурдок му е многу, многу жал

Post Views: 2 Руперт Мурдок јавно му се извини на британскиот народ за скандалот со прислушувањето на телефоните од страна на новинарите од неговиот весник News of the World.“Жалиме за озбилните недела кои се сторени. Особено ни е жал за она низ што минаа сите кои беа погодени од скандалот. Жалиме што не делувавме брзо за да го решиме проблемот. Јасно ми е дека извинувањето не е доволно. Нашиот бизнис беше основан на идејаta дека слободниот и отворен печат треба да биде позитивна сила во општеството. Ќе мора да го надминеме срамот”, ова е дел од текстот потпишан од Мурдок. Извинувањето...

Continue reading

Во Албанија поплави во кои има жртви

Post Views: 2 Албанските власти и официјално потврдија дека во поплавите предизвикани од невремето што зафати делови на Албанија, животите ги загубиле три лица, Загинатите се од местата Клос, Сукт и Тирана и се на возраст од 40 до 50 години. Премиерот Еди Рама рече дека се ангажирани сите структури, вклучувајќи ја и армијата, со цел на најдобар начин да се справат со создадената ситуација. Најпогодени од невремето се подрачјата на Драч, Тирана, Пешкопеја, Лежа и Ѓирокастро, каде под пода се над 500 хектари земјоделски површини, а поплавени се многу домови.Училиштата се затворени,...

Continue reading

bombashi samoubijci

Гадафи се закани: Стотици Либијци ќе изведат самоубиствени напади по цела Европа

Post Views: 1 Либискиот лидер Моамер Гадафи се закани дека војната од Либија ќе ја пренесе во Европа како освета за воената операција која што НАТО ја води против него. Во говор, емитуван на либиската државна телевизија, Гадафи се закани дека ќе испрати стотици Либијци да изведат самоубиствени напади во Европа. “Ќе испратам стотици Либијци самоубијци. Ви кажав, око за око, заб за заб. Но, ќе им дадеме прилика да се вразумат“, рекол Гадафи во својата говорна порака. Бунтовниците кои напредувале на два фронта во изминатите две недели вчера претрпеле загуби. Најмалку шест бунтовници...

Continue reading

smoking

Цигарите во иднина само на рецепт?

Post Views: 2 Законскиот предлог што го разгледува исландскиот парламент предвидува пушењето да се прогласи за зависност, а тоа значи дека кон пушачите ќе треба да се однесуваат како кон болни луѓе кои редовно треба да посетуваат лекар, а цигарите ќе ги добиваат во аптека. Во согласност со предлогот, лекарите би требало да ги поттикнуваат пациентите да престанат со пушење и да ги праќаат на сеанси за одвикнување,а доколку тоа не помогне ќе им препишуваат цигари. Доколку би биле прогласени за пациенти, пушачите не би ги добивале цигарите бесплатно, туку би ја плаќале нивната пазарна...

Continue reading

foks news

“Фокс њуз“ објави дека Барак Обама е убиен

Post Views: 5 Станува збор за групата “Скрипт кидис“ која на овој начин се вклучи на глобалната хакерска акција “Антисек“ која трае околу еден месец и чија цел е борба против корупцијата во светските влади и корпорации. До сега хакерската група нападнала различни интернет страници и објавувала лични податоци на корисниците, ги поддржувала протестите во Грција, а за нивен најголем успех се смета објавувањето на лични податоци на полицијата од Аризона. На интернет, вчера се рашири и уште една интересна информација – хакерите пронашле безбедносен пропуст во софтверот на “Ејпл“ па пристапиле...

Continue reading

angliski bobby

Лондон дозволи пцуење полицајци

Post Views: 4 Полициските службеници во Лондон имаат забрана за апсење на лица кои ќе им упатат пцовка колку и да е таа навредлива, се вели во налогот на Скотланд јард кој предизвика големо противење од страна на полицајците. Кога ќе се соочат со таков случај, полицајците едноставно ништо не треба да преземаат, наведува Дејли меил кој имал увид во новото правило. Судовите веќе не прифаќаат полицајците да бидат вознемирувани и навредени од пцовки, се вели во картичка која полицајците треба да ја носат со себе. Судски процес поради навредување полицаец нема основа без „цврст доказ...

Continue reading

maya prophecy

Франција: Ризик од масовни самоубиства на 21 декември 2012 година

Post Views: 0 Во соопштение на специјалните служби, француската влада предупредила дека во земјата е присутен ризик од масовни самоубиства на луѓе кои веруваат дека на 21 декември наредната година навистина ќе се случи крај на светот. Неодамнешната катастрофа вклучувајќи го земјотресот во Јапонија како и вознемиреноста заради епидемии и економската криза, предизвикуваат глобална атмосфера на страв, при што некои во тоа гледаат најава за судниот ден. Верувањето во пророштвото на Маите по кое времето на светот истекува наредната година изгледа дека најмногу е прифатено во Франција,...

Continue reading

Silvana Koh Merin

Потпретседателката на ЕП докторирала со плагијат

Post Views: 3 Универзитетот Хајделберг и ја одзеде докторската титула на поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, германската либералка Силвана Кох-Мерин, затоа што е утврдено дека нејзиниот труд, во суштинските делови, се состои од плагијати. Комисијата на Универзитетот Хајделберг утврди дека во трудот на Кох-Мерин кој содржи околу 80 страници има повеќе од 120 места кои се дефинираат како плагијат. Плагијатите потекнуваат од околу 30 публикации од кои две третини воопшто не се наведени. Кох-Мерин докторира во 2000 година. Таа од истите причини како и поранешниот министер...

Continue reading

platforma

Норвешка ќе „увезува“ работници од странство

Post Views: 0 Норвешкото Статистичко централно биро (ССБ) проценува дека до 2014 година во Норвешка ќе бидат отворени 220.000 нови работни места, од кои поголемиот дел се очекува да бидат пополнети со работна сила од странство, пишува норвешкиот дневен весник „Афтенпостен“. – Побарувачката бележи силен раст во норвешката економија. Како приватната потрушувачка, така и инвестициите, ќе имаат силен раст, вели директорот на ССБ, Ханс Хенрик Шел. Прирастот најмногу се очекува во норвешките привтани сектори како нафтената индустрија, граджниот сектор и во хидроенергетските објекти. {loadposition...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top