Цигарите во иднина само на рецепт?

Законскиот предлог што го разгледува исландскиот парламент предвидува пушењето да се прогласи за зависност, а тоа значи дека кон пушачите ќе треба да се однесуваат како кон болни луѓе.

 |   | 
smoking
smoking

Законскиот предлог што го разгледува исландскиот парламент предвидува пушењето да се прогласи за зависност, а тоа значи дека кон пушачите ќе треба да се однесуваат како кон болни луѓе кои редовно треба да посетуваат лекар, а цигарите ќе ги добиваат во аптека.

smoking

Во согласност со предлогот, лекарите би требало да ги поттикнуваат пациентите да престанат со пушење и да ги праќаат на сеанси за одвикнување,а доколку тоа не помогне ќе им препишуваат цигари.

Доколку би биле прогласени за пациенти, пушачите не би ги добивале цигарите бесплатно, туку би ја плаќале нивната пазарна цена, а во кога би патувале во странство по цигари на Исланд тоа не би било исплатливо бидејќи е островска земја и нема соседи во непосредна близина.

Туристите кои го посетуваат Исланд веќе се соочуваат со ригорозни царински прегледи, кои посебно се однесуваат на цигари и алкохол. Поранешната исландска министерка за здравство Сив Фриедлеифсдотир, која ја предводи иницијативата заедно со застапниците на сите пет исландски парламентарни партии, смета дека општеството не е доволно свесно за ризикот од пушење и дека треба конечно да се “разбудат“.

Борбата против пушење на Исланд трае со години, а откако во 1991 година пушеле 30 отсто од населението, денес има само околу 15 отсто пушачи. За тоа придонеле и повеќекратните зголемувања на даноците на тутун како и економската криза која погоди поголем дел од исландските жители.

Една кутија на цигари на Исланд може да се купи за околу пет евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top