Хрватски пејачки, манекенки и старлети во мрежа на елитна проституција

Хрватската полиција уапсила две лица и разоткрила синџир на проституција во кој учествувале самонаречени старлети и манекенки како и на лажни пејачки.

 |  Маја Савиќ  | 
prostitucija
проституција

Хрватската полиција уапсила две лица и разоткрила синџир на проституција во кој учествувале самонаречени старлети и манекенки како и на лажни пејачки.

prostitucijaКако што пишува весникот “Нов лист“ за една ноќ со овие девојки, бизнисмени издвојувале од 300 па се до 1.000 евра.

“Кога некој бизнисмен би посакал придружба на згодна девојка или сексуални услуги, наоѓаме придружничка меѓу нашите ѕвезди. За тоа се плаќало, во зависност од типот на услугата од 300 до 1.000 евра“, вели во своето признание организаторот на елитната проституција во Хрватска.

Полицијата го уапсила организаторот и неговите помошници која во последните два месеци најмалку два пати девојките ги упатувале кон клиентите заинтересирани за елитна проституција.

Меѓу девојките има самонаречени старлети, полууспешни манекенки и лажни пејачки за кои веќе подолго време се сомнева дека по дружењето со бизнисмените на различни забави тие завршуваат во нивните кревети.

За оваа работа, тие добро заработувале, а работеле во станови и хотели ширум Хрватска.

Кривичната пријава двајцата уапсени ги терети за организација на проституција, а некои од девојките кои работеле за нив биле испрашувани како сведоци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top