Лондон дозволи пцуење полицајци

Полициските службеници во Лондон имаат забрана за апсење на лица кои ќе им упатат пцовка колку и да е таа навредлива, се вели во налогот на Скотланд јард кој предизвика големо противење од страна на полицајците.

 |  Маја Савиќ  | 
angliski bobby
англиски боби

angliski bobby policajciПолициските службеници во Лондон имаат забрана за апсење на лица кои ќе им упатат пцовка колку и да е таа навредлива, се вели во налогот на Скотланд јард кој предизвика големо противење од страна на полицајците.

Кога ќе се соочат со таков случај, полицајците едноставно ништо не треба да преземаат, наведува Дејли меил кој имал увид во новото правило.

Судовите веќе не прифаќаат полицајците да бидат вознемирувани и навредени од пцовки, се вели во картичка која полицајците треба да ја носат со себе.

Судски процес поради навредување полицаец нема основа без „цврст доказ за лице кое кое видело или слушнало нешто што вознемирува“ бидејќи тоа лице „веројатно е самиот полицаец“, се вели во новото правило.

Според сегашните закони парично се казнуваат лица кои пцујат полицајци додека на повеќекратни престапници им се одредува затворска казна.

„Дозволата за пцуење“ предизвика жестока реакција на полицајците кои велат дека тоа укажува на пад на почитувањето на полицијата и од сега ќе им биде тешко да излезат на крај со проблемите кои се однесуваат на јавниот ред и со пијаните луѓе пред пабови и ноќни клубови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top