Ознака: кои

dimitar spaseski

Измени на цените на услугите на јавните претпријатија

Post Views: 0 Охридските советници иако ќе треба да почекаат на новите лаптоп компјутери до наредната седница, сепак и без нив единаесеттото издание на седницата на советот, помина во вжештена атмосфера. Дневниот ред од 85 точки беше за десет точки намален на барање на секретарот на Општината Димитар Спасески, a бурна дискусија се разви уште на самиот старт од седницата по првата точка која се однесуваше на давање согласност на Одлуката за утврдување висина на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Гробишта“ Охрид. Вршителот на должност директор на ЈП Градски Гробишта, Зоран...

Continue reading

centar za socijalni raboti

Во Охрид отворено брачно советувалиште

Post Views: 8 Во центарот за социјални работи во Охрид денес беше отворено ново советувалиште за брак и семејство. Советувалиштето ќе функционира на доброволна основа и на граѓаните ќе дава бесплатни услуги за надминување на проблемите во бракот и во семејството.  Во советувалиштето ќе можат да бидат вклучени и граѓани кои што стапуваат во брак, со цел да се запознаат со нивните права и обврски. „Ова советувалиште верувам дека ќе придонесе во надминување на проблемите и намалување на бројот на разводите воопшто. Овој проект го најавивме пред месец дена и веќе започнува да се реализира....

Continue reading

avtopat

Автопатското поврзувања Охрид, Струга, Кичево се поизвесно

Post Views: 0 Добрата патна инфраструктура еден од најважните услови за развојот на туризмот во регионов, велат експертите. Гостите кои доаѓаат во Охрид со автомобил најмногу се жалат на состојбата на патиштата низ државава. Автопатското поврзување на градовите Охрид, Струга и Кичево кое се најавува веќе подолго време, се поизвесно. Граѓаните на Охрид и туристите со нетрпение очекуваат да се направи овој патен правец. Претседателот на Владата Никола Груевски во Собранието на Република Македонија одговарајќи на пратеничко прашање од охридскиот паретник Александар Николоски ги обелодени...

Continue reading

dvor

Пензионерските денови на брачниот пар Тодоровски посветени на одгледување растенија

Post Views: 2   Третото доба од животот за секој пензионер би требало да биде исполнето со животна радост и уживање во плодовите од минатиот труд. Вистински пример за ова е брачниот пар  Перо и Цеба Тодоровски. Тие од својот двор направиле вистинска градина за уживање.  Цвеќиња, раритетни дрвја и зеленило дополнети со фонатана и пергола го опкружуваат нивниот дом. Семејството Тодоровски одлучиле, по 4 децении поминати во странство надвор од татковината,  пензионерските денови да ги поминат во Охрид. Задовоството и мирот во животот го пронашле во уредување на својата градина. „ По...

Continue reading

penzioneri

Свечена седница по повод денот на пензионерите

Post Views: 1 Охридските пензионери го одбележаа Денот на пензионерите. Воедно пензионерите на ниво на земјава годинава ја одбележуваат 67 годишнината од постоењето. Претседателот на здружението Ѓорѓи Трпчески на денешната свечена седница ја истакна состојбата и стандардот на нивната популација, во повеќе сфери од општественото живеење. „Кога направивме еден барометар да видиме вработени и пензионери тука сме многу блиску, не има колку што се вработени на ниво на општинава толку има и пензионери. Ние како здружение имајќи ги во предвид овие состојби сепак на социјален план се ангажираме...

Continue reading

plan

Локална: Нема нерешлив проблем, но законот пред се

Post Views: 2 Локалната самоуправа на Охрид, денес се огласи во врска со реакциите на неколку охридски семејства кои живеат во објекти кои не одговараат на стандардите на современо урбано градско живеење. Имено, според Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид, Локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески, имаат потполно разбирање за тешката состојба во која се наоѓаат неколку социјални семејства. Тој додава дека за жал, нивните можности за помош во тој поглед биле лимитирани од причина што законските прописи не оставале многу простор за работа. „Во најголем број случаи овие...

Continue reading

muzicko

Во градов ќе се отвори средно музичко училиште

Post Views: 21 Од 2014 година во Охрид покрај основното ќе има и средно музичко училиште. Оваа идеја која постоеше години наназад конечно ќе се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека подготовките и преговорите се во тек. Интерес за отварање средно музичко училиште постои вели, Нина Момировска, директорката на ОМУ Методи Патче. Уште во месец мај тие спровеле анкета кај учениците од последните одделенија во музичкото училиште и кај основците од останатите училишта во градов. Голем процент од нив позитивно се изјасниле околу прашањето за отварање средно училиште во Охрид....

Continue reading

Признание кое го шокира светот

Post Views: 2 Многу фирми кои се наоѓаат на листата на часописот WirtschaftsWoche, веќе имаат расчистено со своето нацистичко минато, но останува запишано во историјата. Големи фирми како Bosch, Mercedes, Deutsche Bank, Volkswagen и други, користеле робовска работна сила која воглавно се состоела од заробеници од концентрационите логори, за време на Втората светска војна, пишува еден од најпопуларните часописи WirtschaftsWoche. Daimler уште во 1986 година признал дека користел 40.000 работници за присилна работа под невозможни животни услови за време на војната, што на фирмата и овозможило...

Continue reading

tavan

Неколку охридски фамилии живеат во лоши услови

Post Views: 10 Членовите на 4 семејства од кои дестина се деца живеат во страв во приземната куќа до маларичната. Објектот стар 50 години се распаѓа и како што велат станарите, секој миг може да се случи незгода, односно таванот може да им се сруши врз глава. „Овде се никакви условите за живот, прво и прво се прокиснува, гледате како е однадвор, во денешно време ние имаме полски тоалети и водата ни е надвор од објектот, условите се никакви“ Таир раскажува дека останале да живеат со надеж дека надлежните ќе го решат проблемот, кој е стар речиси 5 децении, ветувале, но до ден денес...

Continue reading

seksualno obrazovanie

НВО „ХЕРА“ со петиција бара сеопфатно сексуално образование во училиштата

Post Views: 1 Невладината организација „ХЕРА“ ја бара подршката од граѓаните за воведување на сеопфатно сексуално образование како предмет во училиштата ширум земјава. Насловена „За последен 1ви Септември без сеопфатно сексуално образование“ нивната кампања деновиве е фокусирана на привлекување на вниманието на ресорното министерство за образование околу потребата од воведување на ваков предмет во образованието. Претставниците од „ХЕРА“ велат дека според нивното истражување „Љубов после часови“, и кај родителите, и кај професорите и особено кај децата постои подготвеност па дури и...

Continue reading

izlozba

Соединување на каменот со дрвото

Post Views: 2 Со камчиња и дрво Анета Вршкоска Јованоска го напиша својот личен дневник покажувајќи ја притоа својата сензибилност и вербата во естетиката, но и вљубеноста во уметноста. Под името Соединување таа синоќа пред широката публика ги прикажа своите дела изработени од ситни камчиња и дрвца кои стрпливо ги собирала и соединувала речиси една година. Името на изложбата не е случајно а го даде мојот помал син, Јаков при една заедничка прошетка во планина. Тогаш забележавме како камчињата и дрвата во природата се совршено соединети, рече уметникот Анета Вршкоска Јованоска. Таа...

Continue reading

ucenik

„Дванаесетте од Папрадник“-охриѓанките кои покажаа колку благородна е професијата просветен работник

Post Views: 7 Да се биде просветен работник и да се пренесува знаење на група дечиња само по себе е благороден чин, благородна професија. Но ако се вратиме во далечната 1964 година, во малечкото планинско место Папрадник, во дебарско, тогаш учителствувањето можеме да го сметаме и за храброст и посветеност на оваа професија. Ваквиот потфат е реалност и дел од најинтимните сеќавања на дванаесет млади девојќи кои во 1964та година, го напуштаат родниот Охрид и заминуваат во ова малечко место како професорки. Нивните огромни залагања, труд, посветеност и истрајност, биле толку големи,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top