Признание кое го шокира светот

Се збогатиле користејќи робови

 |  инфодеск  | 

Многу фирми кои се наоѓаат на листата на часописот WirtschaftsWoche, веќе имаат расчистено со своето нацистичко минато, но останува запишано во историјата.

Големи фирми како Bosch, Mercedes, Deutsche Bank, Volkswagen и други, користеле робовска работна сила која воглавно се состоела од заробеници од концентрационите логори, за време на Втората светска војна, пишува еден од најпопуларните часописи WirtschaftsWoche.

Daimler уште во 1986 година признал дека користел 40.000 работници за присилна работа под невозможни животни услови за време на војната, што на фирмата и овозможило огромна заработка.

Електричниот гигант Bosch користел 20.000 робови, додека сопствениците на BMW користеле 50.000 принудни работници, а челичаната ThyssenKrupp дури 75.000 работници.

Volkswagen, производителот на популарната Буба, зависеле од робовската работа од 12.000 затвореници кои биле во незамисливи услови во фирмата во Волфсбург. Хемиските и фрмацевстки брендови BASF, Bayer и Hoecht вработувале 80.000 робови.

Најголемата германска банка, Deutsche Bank, не користела робовска сила, но се збогатила за време на нацизмот. Кога дошле нацистите на власт, банката ги отпуштила од работа сите еврејски директори и работници и од 1938 година па наваму и станала најбогата банка низ процесот на одземање на еврејските компании.

Издавачкиот џин, Bertelsmann, денешните сопственици на RTL, станал богат објавувајќи воени книги за Hitler-Jugend и профитирајќи на договорите со германската војска и централната нацистичка партија во Минхен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top