Во градов ќе се отвори средно музичко училиште

Долгогодишните заложби во градов да се отвори средно музичко училиште конечно ќе се реализираат. Од наредната учебна година сите оние кои ќе сакаат да го родолжат своето музичко образование тоа ќе можат да го направат во Охрид. Голем е интересот на учениците за музичка наобразба.

 |  Јаковлева Лионела  | 
muzicko
музичко

Од 2014 година во Охрид покрај основното ќе има и средно музичко училиште. Оваа идеја која постоеше години наназад конечно ќе се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека подготовките и преговорите се во тек.музичко

Интерес за отварање средно музичко училиште постои вели, Нина Момировска, директорката на ОМУ Методи Патче. Уште во месец мај тие спровеле анкета кај учениците од последните одделенија во музичкото училиште и кај основците од останатите училишта во градов. Голем процент од нив позитивно се изјасниле околу прашањето за отварање средно училиште во Охрид. Момировска кажува дека во моментов во основното музичко училиште учат 335 деца, а од година во година овој број расте. Расте и бројот на награди кои тие ги освојуваат на многубројните државни и меѓународни натпревари. Штета е, вели таа што немаме средно училиште каде дел од нив би го продолжиле своето образование.

Момировска објаснува дека во моментов оние ученици кои сакаат да го продолжат своето музичко образование патуваат во средното државно музичко уичилиште во Битола или во Скопје. Средното образование во Охрид од година би се одвивало во истурена паралелка која ќе биде под капата на училиштето од Битола за што преговорите се во тек. Просторни услови има, а има и соодветен кадар кој би ги спроведувал предавањата. Тука би се изучувале иструментите саксофон, обоа, хорна, а ќе има часови и по соло пеење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top