Неколку охридски фамилии живеат во лоши услови

Приземната куќа која се наоѓа веднаш до маларична е на распаѓање. Четирите фамилии кои 5 децении живеат тука стравуваат дека секој миг таванот ќе им се сруши врз глава. Слична е судбината и на уште 6 семејства на Железничка, кои се жалат на неподносливи услови за живот во влага и секојдневно распаѓање на нивните објекти, бараките.

 |  Николоска Биљана  | 
tavan
таван

tetkaЧленовите на 4 семејства од кои дестина се деца живеат во страв во приземната куќа до маларичната. Објектот стар 50 години се распаѓа и како што велат станарите, секој миг може да се случи незгода, односно таванот може да им се сруши врз глава.

„Овде се никакви условите за живот, прво и прво се прокиснува, гледате како е однадвор, во денешно време ние имаме полски тоалети и водата ни е надвор од објектот, условите се никакви“

Таир раскажува дека останале да живеат со надеж дека надлежните ќе го решат проблемот, кој е стар речиси 5 децении, ветувале, но до ден денес ништо од тоа.

„Никој до сега не е дојден, отидовме да побараме барем да ни го поправат кровот, ни велеа дека ќе се руши ќе се прави но ништо од тоа. Треба да дојде градоначалникот да дојде да се заинтересира“.

barakaСлична е судбината и на уште 6 фамилии кои живеат во бараките на ул. Железничка. Тие не сакаа јавно да коментираат пред нашата камера, но реагираа дека условите во кои што живеат заедно со нивните малолетни деца се неподносливи. Како што кажаа, посебно страшна била сликата во нивните импровизирани куќички кога врне, бидејќи тогаш се поплавувале и страдала целата нивна покуќнина. Тие се разочарани затоа што властите покажале интерес за нив дури и им ветиле дислокација  само додека се градеше Железничка за потоа никој веќе да не ги посети.  
ТВМ речиси неколку дена е во постојан контакт со општинските гласноговорници во врска со проблемот на овие десет фамилии. Тие не упатија одговорите на нашите прашања да ги побараме од, раководителот на секторот за поддршка на градоначалникот Зоран Рафтоски. Денес Рафтоски лично се нафати да ја согледа состојбата при што испрати и екипа на терен кај загрозените семејства. До затварање на дневникот не добивме одговор какви се плановите на Локалната за надминување на проблемот како и за тоа колкави се нејзините ингеренции во овој случај.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top