Post Views: 31
Револтирани граѓани од Стариот дел на Охрид, ни испратија слики во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ со коментар:
Еве како стружани паркираат во Охрид. Битно мајсторите да си ја завршат својата работа, а охриѓани како да си влезат дома?
Погледнете ги сликите во продолжение !
Post Views: 16
Еден куп ѓубре, секојдневно се наталожува од несовесен граѓанин кој живее во Стариот дел на градот. Сликите до рубриката „Ти си твојот град“ ни ги испрати Мариа Бошале, а ова е нејзиниот коментар:
Наталожено ѓубре среде Стариот дел од Охрид, каде го гледаат многубројни туристи кои нон стоп го снимаат. Човеков зема социјална помош, зема храна за загрозени жители од Охрид и покрај тоа што е здрав и прав, а не врши никаква општо корисна работа. Барем да си го собира ѓубрето и да го носи во контејнер. Од локацијата се шири непријатен мирис, а се наоѓа на агол од две улици...
Post Views: 29
ООУ „Св. Климент Охридски” врз основ на поднесена апликација стана едно од десетте училишта во Македонија кое е избрано и ќе биде дел од проектот „Македонија 2025“, чија цел е мотивирање и поддршка на млади девојки за избор на образование и кариера во некоја од областитет на STEM (Science, Technology, Engineering and Mathematics).
Во заедничката соработка е планирано да има мотивациски предавања од врвни македонски жени ( од земјава и дијаспората) стручни од областите на СТЕМ, спроведување на истражувања, стручни обуки за 1- 2 наставници – информира Јордан...
Post Views: 14
Со оглед на појавата на H5N1 во соседна Грција на Мало Преспанско езеро ренџерската служба на Општина Ресен изврши вонредна контрола на јужниот дел на Преспанско езеро и островот Голем град, информираат од Мониторинг станицата на преспанското Езеро и Државниот санитарен инспекторат.
Ренџерската служба на Општина Ресен, го испита теренот на Големото езеро не пронајде никаква појава на угинати птици, стои на Фејсбук страните на Мониторинг станицата на преспанското Езеро и Државниот санитарен инспекторат.
Post Views: 0
Поголем број охридски урбани заедници се без месни одбори. Граѓаните се пасивни кога станува збор за организирано учество во месната самоуправа. Во период од годината кога се крои општинскиот буџет според граѓанските потреби во моментов нема организирана форма преку која жителите од УЗ ќе ги пренесуваат приоритетните барања до Локалната самоуправа за да се решат нивните потреби.
Ванчо Огненов, од граѓанското здружение „Чекоштина урбан“, поаѓајќи од нивното досегашно искуство ги појаснува причините за пасивноста на граѓаните во урбаните заедници. Напоменува дека со децении...
Post Views: 7
Градоначалникот Кирил Пецаков, беше во посета на ЈУ „Национален парк Галичица“. На средбата, вработените го информираа за начинот на функционирање на институцијата, како и за тековните активности.
Дискутирани беа можностите за подготвување на заеднички апликации во ЕУ фондовите и соработка во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и заштитата на Националниот парк.
Градоначалникот изрази подготвеност за целосно вклучување во сите процеси кои се однесуваат на градот.
Post Views: 4
Во насока на транспарентно и отчетно работење, Секретарот на општина Охрид, Александар Китески на денешната средба со новинарите информира дека дел од директорите во охридските училишта именувани од претходната локална власт иако имаат сериозни претставки во своето работење не сакаат да ги напуштат раководните позиции.
Градоначалникот Кирил Пецаков, ниту замислува партизација на образовните институции ниту тоа му е предизвик. Но, од друга страна не можеме да дозволиме овие значајни институции да ги предводат луѓе за кои имаме сериозни индиции дека во определени случаи...
Post Views: 1
Охридските убавини секојдневно ги инспирираат нашите сограѓани да ги забележат преку фотографии убавите моменти. Преку најновата фотографија го доживуваме прекрасниот поглед од црквата Св. Јован Канео кон плажата Канео и стариот дел на градот.
Бидете и Вие дел од #ТиСиТвојотГрад, ги очекуваме Вашите фотографии и снимки на нашиот меил tisitvojotgrad@tvm.mk или преку порака на страниците на ТВМ Телевизија на социјалните мрежи фејсбук и инстаграм.
Post Views: 9
ГРК Охрид докажа и покажа дека не се предава во трката за место кое води во плеј-офот. Пред зимскиот одмор, “Гладијаторите“ завршија на 5-то место и се впишаа во плеој-оф фазата.
Во месец февруари ќе продолжи натпреварувањето во Супер лигата. Охрид има уште шест натпревари и имаат добар распоред со што главниот конкурент за борба во плеој-офот ќе го пречека на домашен терен во салата Билјанини Извори.
Post Views: 9
Златната маска од Требеништа, антички некрополи, средновековни цркви, старохристијански сакрални објекти, наслеби од бронзено, железно, хелинистичко и римско време се само дел од културните богатства на територијата на Дебрца. 21 локација и објекти од Дебрца се запишани во државниот регистар со статус на културно наследство. Ученици од предметна настава од ОУ „Дебрца“ во село Белчишта активно се вклучени во откривање на убавините на културното наследство од нивниот крај. Заедно со нивни врсници од Португалија, Романија, Бугарија и Турција, тие се дел од проектот „Амабасадори...
Post Views: 5
На првата седница на Управниот комитет на проектот “ЕУ за општините” со кој претедава министерот за локална самоуправа, Горан Милевски беше потврдено дека во наредните три години во општините Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Врапчиште, Охрид, Струмица и градот Скопје ќе се реализираат големи иновативни проекти во вкупна вредност од 5,5 милиони евра.
Средствата за реализација на проектите ги обезбедува Европската Унија, а кофинансирањето од 15% го покрива Министерството за локална самоуправа со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.
„Благодарение на...
Post Views: 8
Од двете страни на дел од улицата 7-ми ноември има неупотребливи тротоари. Раскопани тротоари и велосипедска патека ја загрозуваат сообраќајната безбедност на жителите кои живеат и работат во овој дел од Охрид. На потегот од фабриката Братство до меѓуградската автобуска станица не е можно да се вози велосипед, а е отежнато и движењето на пешаците од ископаниот асфалт. Граѓаните бараат поправка на тротоарите и патеката за велосипеди.
Бобан Трпески, од Неформалната организација „Чист Охрид“, споделува дека состојбата на овој потег од улицата е алармантна. Алармот се...