Post Views: 5
Во трите охридски државни средни училишта заврши првиот уписен рок. Во СОУ „Св Климент Охридски“ и понатака е најпривлечно за упис гимназиското образование каде што е најголем бројот на запишани средношколци.Од планираните 442 ученици во трите насоки, во гимназиското образование се запишале 211 ученици. Потфрлање има во еконоското училиште каде од 78 слободни места се примени 58 ученици. Во здравствената струка од 34 се запишале 16 ученици,а има уште 18 слободни места. Во првиот уписен рок во оваа образовна институција биле одбиени 66 основци од сите струки кои...
Post Views: 7
Во Охрид од почетикот на оваа година па до денес двојно е зголемен бројот на заболените од варичела или овчи сипаници. Од Центарот за јавно здравје велат дека досега се регистрирани 108 пријави за ова заразно заболување. Но, од таму потенцираат дека нема место за паника. Иако бројката е висока таа се движи во границите на нормалата. Д-р Јованка Стурлакова Коровешиска вели дека зголемувањето на бројот се должи на поажурното пријавување на заболените од страна на нивните матични доктори.
Матичните доктори се повеќе ја почитуваат законската обврска и ги пријавуваат болните...
Post Views: 1
Целиакија, ларингит, бронхолит, даунов синдром, ова беа дел од темите на кои денес се разговараше на педијатриските стручни средби на медицинските сестри кои се одржаа во хотел Мизо во Охрид. На овие средби учествуваа 110 медицински сестри од државава. Целта на овие средби кои се одржуват години наназад е размена на искуства помеѓу персоналот во педијатриските одделенија ширум Македонија.
Гордана Јонческа Маџоска, медицинска сестра во педиатриското одделение при општата болница во Охрид вели дека работата со деца е многу специфична. Од една страна е големо задоволство...
Post Views: 12
Првата група од 120 туристи од Холандија преку аранжманите на тур-операторот „Арке травел – ТУИ“ денеска со чартер лет пристигна во Охрид. Беа пречекани на традиционален начин со погача и сол, но и со шампањ и торта. Гостите воодушевени од дочекот, организиран специјално за нив.
„За вашата земја слушнав од мојата девојка. Таа беше овде минатата година и ми пренесе многу позитивни искуства за Охрид – беше воодушевена“, вели едне од гостите. Друг пак открива дека во Македонија очекува да види многу планини, цркви и пријателскиот народ“.
Првата група холандски туристи,...
Post Views: 5
На охридското крајбрежје и во рестораните има се помалку елитни гости. Љупчо Патчев, познатиот охридски угостител од ресторанот „Далга“, со повеќе децениско искуство, нагласува дека во последните години многу е сменета структурата на гостите кои претсојуваат во Охрид. За гостите кои трошеле пари во Охрид, некогаш и денес, Патче вели дека сега градот го посетуваат гости со поплиток џеб. Патчев вели туризам има само во Скопје. Во светиот град, како што се нарекува Охрид со 365 -те цркви, не може да се развива елитен туризам каде што се мешаат Хозе Карерас и српска фолк...
Post Views: 2
„Во целиот изминат период еден голем број од лицата кои се пријавуваат во евиденцијата и кои го зголемуваа бројот на невработени лица, со што повеќе или помалку се добиваше една искривена статистичка слика за бројот на лица кои активно бараат вработување. Задолжително беа принудени да се пријавуваат во нашата евиденција, во евиденцијата на невработени лица и покрај тоа што активно не бараат вработување, објаснува раквододителот на Центарот.
Оттаму, информираат дека само од месец август до крајот на месец декември минатата година, бројот на невработени лица од евиденцијата...
Post Views: 12
Како главен предуслов за подпросечниот број на пациенти со вирусни заболувања, Д-р Михаилов пред се го наведува бројот на примени вакцини против сезонскиот грип. Имено, од самиот почеток на сезоната на грипови, во Охрид се вакцинирани околу 2200 лица.
„Препораките кои што редовно ги даваме и кон граѓаните и кон останатите субјекти во градот дека треба да се придржуваат кон она што го викаме превентивни мерки. Да се носи топла облека, да не се изложуваат на екстремно ниски температури, да немаме групирање во големи групи во простории каде што можноста за пренесување...
Post Views: 2
„Најидеално решение за целиот здравствен систем во земјата а следствено и за македонската кардиологија е, да ние тој објект на поранешната детска болница го добиеме за нашите потреби. Да биде реконструиран и адаптиран за изведување на дијагностички и терапевтски процедури од областа на адултната кардиологија. Ние ветуваме и дадовме наши развојни планови со кои ќе овозможиме во тој центар да се развие и детска кардиологија“објаснува Бакрачески.
Оваа идеја во тек на месец мај минатата година, била дообработена од страна на стручните лица од Министерството за здравство...
Post Views: 0
Она што е забрането, лесно привлекува внимание. Активното пушење во земјава има нагорна линија и покрај сите мерки кои се преземаат за оваа тенденција да запре. Проблемот со пушењето е далекусежен и многу сериозен. Најтешкиот удар го претрпува човековото здравје. Ниту страшните статистики кои велат дека секои 4 од 5 случаи на рак на белите дробови се како последица на пушење, не успеваат да го постигнат потребниот ефект од откажување. Се поалармантни се бројките кои се објавуваат за Македонија, која за жал спаѓа во водечките нации кои се соочуваат со овој проблем.Според...
Post Views: 0
Зголемен бројот на скршеници на екстремитетите. Остатоците од снегот на дел од охридските улици, кои дебело замрзнаа, предизвикуваат невољи. Не ретко се случува гаѓаните да се лизнат, дападнат и притоа да се здобијат со набиеници, исчашување, но и со скршеници. Од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, директорот Митко Тилев вели дека овој период имаат покачен број на интервенции како последица од лизгање и паѓање на замрзната површина. Најчесто страдаат луѓето од повозрасната категорија кои доаѓаат со скршени екстремитети, додава тој....
Post Views: 0
Годината што измина, бурна и полна со предизвици и за раководниот тим на ОО на Црвениот крст. Претседателот Сашо Точко, вели дека се задоволни што на најголемиот дел од зацртаните проекти како тимови одговориле, но и дека и она малку што не е релизирано, ќе се спроведе во годинава која претстои.
„Посебно сме задоволни што успеавме да направиме кадровски промени во Црвениот крст, направивме млада структура која и во иднина ќе може да справи со сите предизвици“, вели претседателот на ОО, Сашо Точко.
„Морам да истакнам дека како нешто позначајно за црвениот крст тоа...
Post Views: 6
Во општинскиот центар за социјални работи по завршувањето на постапката за обнова на документацијата, бројот на барањата за користење на социјална парична помош годинава намален. Во моментов се пристигнати 520 барања за продолжување на правото за социјална парична помош, вели директорот Екрем Каљоши. Социјалните работници вршат увид во барањата по кои треба да донесат решение дали апликантите имаат основ за исполнување на ова законско право на социјална парична помош во висина од 3.261 денари, појаснува Каљоши. „Станува збор за 100 -тина корисници кои не поднесоа...