Намален бројот на апликации за социјална парична помош

Во општинскиот центар за социјални работи по завршувањето на постапката за обнова на документацијата, бројот на барањата за користење на социјална парична помош годинава намален. Во моментов се пристигнати 520 барања  за продолжување на правото за социјална парична помош, вели директорот Екрем Каљоши.

 |  Валентина Нелоска  | 
socijalno
socijalno

KaljoshiВо општинскиот центар за социјални работи по завршувањето на постапката за обнова на документацијата, бројот на барањата за користење на социјална парична помош годинава намален. Во моментов се пристигнати 520 барања  за продолжување на правото за социјална парична помош, вели директорот Екрем Каљоши. Социјалните работници вршат увид во  барањата по кои треба да донесат решение  дали апликантите имаат основ за исполнување на ова законско право на социјална парична помош во висина од 3.261 денари, појаснува Каљоши. „Станува збор за 100 -тина корисници кои не поднесоа документација веројатно заради  промена на нивната материјалната состојба, вели првиот човек на центарот за социјални работи, Каљоши.
Состојбата кај останатите  права од парични надоместоци останува непроменета нагласува Каљоши. Исклучок се  корисниците на правото за помош и нега од трето лице, каде што се зголемуваат апликациите за остварување на ова законско право. „Во две категории, за стари и болни лица, се исплатува помош во висина од 3.700 и 4.100 денари за 100-тина корисници.
Со законските измени од 2009 година се олеснува ова право, а го утврдува  лекарска Комисија при Министерството за труд и социјална политика, истакнува Каљоши.“     
Корисниците на социјалната парична помош имаат право  да користат условен паричен надоместок за средношколци кои  редовно посетуваат настава, во висина од 12.000 денари годишно. Исто така, за потрошена електрична енергија на корисниците за социјална парична помош и корисниците на постојана помош по претходно платена сметка, се исплаќаат субвенции по 600 денари месечно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top