Приоритет? Болница или хотел?

Продолжуваат заложбите на Центарот за Кардиоваскуларни заболувања од Охрид, да се добие просторот на поранешната Специјална детска болница.

 |  Крсте Голабовски  | 
Bakraceski
Бакрачески

„Најидеално решение за целиот здравствен систем во земјата а следствено и за македонската кардиологија е, да ние тој објект на поранешната детска болница го добиеме за нашите потреби. Да биде реконструиран и адаптиран за изведување на дијагностички и терапевтски процедури од областа на адултната кардиологија. Ние ветуваме и дадовме наши развојни планови со кои ќе овозможиме во тој центар да се развие и детска кардиологија“објаснува Бакрачески.

Оваа идеја во тек на месец мај минатата година, била дообработена од страна на стручните лица од Министерството за здравство и истата била образложена пред Влада. Така како едно од решенијата за потребите на центарот е изложена поранешната детска болница. За истата да се изработи проект за реконструкција и дејноста на центарот да биде таму преселена, објаснува Бакрачески. Потоа проектната единица на Министерството за здравство добила задача да изработи проект за реконструкција. Посета оствариле претставници на проектната единица, заедно со претставници на консултантска куќа и претставници на банка на Совет на Европа кои би биле финансиери на проектот.Извршени се прелиминарни разговори и предадена е проектната документацијата од поранешната детска болница  врз база на која требало да се изработи проектот за рекунструкција на болницата за потребите на центарот. Од тој момент официјални информации од Мин за здравство нема, додава Бакрачески. Во нашиот последен контакт со Министерството за транспорт и врски во чие владение се наоѓа просторот, не информираа дека сеуште траат постапките за утврдување на имотно-правниот карактер на недвижните ствари. Додаваат дека по утврдување на точниот имотно-правен статус, ќе се постапува во согласност со позитивната законска легислатива, урбанистичкото уредување и намената на локалитетот, а се со цел остварување на јавниот интерес.Кој и да биде епилогот од вој случај, жално би било да се намали бројот на услуги кои се пружаат во цнетарот зшто сепак, потребите на пациентите од регионов се секогаш на прво место. Нели?!

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top