Во Охрид мал број на пациенти со вирусни заболувања

Основна причина зошто е тоа така е големиот број на вакцинирани-велат од Центарот за јавно здравје. Сепак остануваат мерките на претпазливост бидејќи услови за појава на поголем број заболени и натаму постои.

 |  Мишел Наумоски  | 
Vakcini
вакцини

Како главен предуслов за подпросечниот број на пациенти со вирусни заболувања, Д-р Михаилов пред се го наведува бројот на примени вакцини против сезонскиот грип. Имено, од самиот почеток на сезоната на грипови, во Охрид се вакцинирани околу 2200 лица.

„Препораките кои што редовно ги даваме и кон граѓаните и кон останатите субјекти во градот дека треба да се придржуваат кон она што го викаме превентивни мерки. Да се носи топла облека, да не се изложуваат на екстремно ниски температури, да немаме групирање во големи групи во простории каде што можноста за пренесување на инфекцијата е голема, да се пијат поголема количина течности, витамини. Во случај на појава на симптоми да се посети матичниот лекар, да се побара совет, да не се зема на своја рака никаков вид на лекарство затоа што земањето на антибиотици и на други лекарства на своја рака без претходно да е потврдено, претставува контрапродуктивна мерка, после тоа се појавуваат други компликации без никаква причина.“-додава Д-р Михаилов.

Следењето на овие препораки заедно со високиот број на вакцинирани лица против сезонскиот грип, Охрид го прават еден од градовите со најмал број на заболени во земјава. И натаму најголем број заболени има во Тетово, потоа следат Куманово, Скопје, Струмица и Прилеп.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top