2011-та успешна за Црвен крст-Охрид

Годината што измина, бурна и полна со предизвици и за раководниот тим на ОО на Црвениот крст. Претседателот Сашо Точко, вели дека се задоволни што на најголемиот дел од зацртаните проекти како тимови одговориле, но и дека и она малку што не е релизирано, ќе се спроведе во годинава која претстои.  

 |  Татјана Маленкова  | 
crven krst
crven krst

Saso TockoГодината што измина, бурна и полна со предизвици и за раководниот тим на ОО на Црвениот крст. Претседателот Сашо Точко, вели дека се задоволни што на најголемиот дел од зацртаните проекти како тимови одговориле, но и дека и она малку што не е релизирано, ќе се спроведе во годинава која претстои.  

„Посебно сме задоволни што успеавме да направиме кадровски промени во Црвениот крст, направивме млада структура која и во иднина ќе може да справи со сите предизвици“, вели претседателот на ОО, Сашо Точко.

„Морам да истакнам дека како нешто позначајно за црвениот крст тоа е можноста, потребата и способноста на Црвениот Крст и неговите екипи и медицински тимови за спасување,  да делуваат и на вода со пуштањето во употреба на бродот амбуланта, додава Точко.

C+Тој додава дека како ОО се посебно горди и со тимовите кои можат да одговорат во делот на катастрофи. Признава дека тие се во одлична кондиција и постојано подготвени да одговорат на барањата.

„ Во делот на крводарителството кој е добар и важен сегмент од црвениот крст дека имаме мал пад во донос на минатата година, но програмата ја надминавме со преку 2200 крводарувања, минатата година имавме за 300 дарувања повеќе. Ние најавивме дека поинаквиот концепт на работа на трансфузиолошките служби ќе има влијание врз бројот на крводарувања, ние одговоривме на потребите, немаше поголеми барања, односно немаше недостаток на крв барем во овој регион кај нас“, вели претсдеателот на ОО на ЦК.

C+ mladiВо делот на првата помош пак, Точко најавува инетерсни проекти за најмладите, прку кои ќе се обучат како да укажат прва помош во домашни услови. Претседателот на ОО на ЦК вели дека константен е бројот на возачите кои се обучуваат годишно во ОО, а  мал е падот на кандатите за прва помош во работни организации.

Точков е задоволен и од тоа како се справи ОО на ЦК и во делот на дисеминацита. Тој е посебно воодушевен од квизот кој започна да се реализира од годинава со основците, а се однесува на познавањата на децата за активностите и рабоатат на црвениот крст.

„Со гордост истакнуваме дека како и минатата, така и годинава бројот на волонтери кои се вклучуваат во нашите активности е се поголем што ни дава поттик и доказ дека ја правиме вистинската работа и дека се поголем број млади луѓе се заразени со вирусот на хуманоста и ќе помагаат онаму каде што е најпотребно“, додава претседателот на ОО на Црвениот крст Сашо Точко.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top