Ознака: бидат

rakomet plakata

Хуманитарен ракометен натпревар во СРЦ „Билјанини извори“

Post Views: 0 Љубителите на ракометот ги очекува вистинска ракометна бајка. Ветераните на охридскиот ракомет и сегашните сили на ракометниот клуб Охрид 2011 ќе водат тешка ракометна битка. Дуелот на титаните ќе го играат од најстари до најмлади. На овој натпревар ќе настапат членови од првите ракометни клубови во Охрид од екипите на „Галеб“, „Полет“ и „Локомотива“ па се до најмладите јуниори од школите на „Седмерец“ и ракометниот клуб  „Охрид 2011“. „Сите оние кои на некој начин допринесле да живее ракометот во Охрид, ќе се соберат на едно место, со една хуманитарна цел. Ќе одиграат...

Continue reading

brza pomos

Нови возила, кров и простории за охридскиот здрвствен дом

Post Views: 13 Специјалните санитетски возила марка Рено за итна медицинска помош кои ги набави владата стигнаа и во Охрид. Директорот на здравствен дом Митко Дабески вели дека овие возила беа повеќе од неопходни за оваа здравствена институција, затоа што досега располагаа со возен парк стар 10 години, за кој месечно издвојувале многу средства за одржување.  Новите возила ја  имаат сета неопходна апаратура за интервенирање како  дефибрилатор, преносен аспиратор, вентилатор, ѕиден апарат за мерење на крвен притисок, балон за вентилација, сет за фрактури, реанимациона торба, автоматско...

Continue reading

lajons klub Denica

Лајнс клубот „Деница“ обезбеди нова донација за детската градинка

Post Views: 3 Организатор на забавата „Играта е детска работа“,  беше Женскиот Лајонс клуб Деница кој веќе неколку месеци егзистира во Охрид. Претседателката на Деница, Јулијана Василеска вели дека се одлучиле да помогнат во доопремувањето на просториите во градинката затоа што дечињата имаат посебно место во нивното хуманитарно делување. „Дечињата од градинка кои се толку припремени толку инспиративни самите ќе се потрудат да организираат една пригода која со наша помош и наша посетеност ќе допренесе да се соберат средства со што ќе се помогне во доопремување на занимлните во централната...

Continue reading

Ohrid-Skopje

Охрид и Скопје конечно ќе бидат автопатски поврзани

Post Views: 22 Автопатското решение кое години наназад беше само пуста желба, конечно ќе биде и реализирано. Најавен како еден од проектите во манифестот на владејачката гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ уште во 2011 година, поврзувањето на Скопје и Охрид имаше свои препреки. Поради големиот износ на  финансиски средства потребни за изградба на вакво автопатско решение, првичната идеја на Владата била овој патен правец да биде даден под концесија, но токму тука настанува и застојот бидејќи кај потенцијалните концесионери немало интерес. Решението на проблемот од транспорт и врски го обелоденија...

Continue reading

mozaici

Амамот Воска нов галериски простор во градов

Post Views: 10   18 прекрасни мозаици изработени од 15 уметници од нашава земја и соседна Србија од вечерва ќе бидат ставени пред очите на охридската публика. Овие неповторливи уметнички дела, изработени од разнобојни камчиња кои создаваат една прекрасна целина се поставени во Амамот Воска. Овој автентичен амбиент со мозаиците во него ќе ги врати посетителите во времињата назад кога овој амам бил масовно посетуван од жените кои се разубавувале таму и уживале во миговите кои биле само нивни, вели Ели Аин, раководителот на центарот за културен проток, АртЕрија. Овој нов изложбен простор...

Continue reading

mitebogoeski

Напролет ќе биде готова улицата Мите Богоевски

Post Views: 8 Завршена е првата фаза на ул Мите Богоевски. А втората фаза се очекува да биде готова до напролет. Со тоа оваа улица ќе биде целосно комплетирана согласно сите стандарди, вели одговорниот на Фондот за Комунален развој Емин Селман. Раководителот, кажа дека веќе пристапуваат кон проектирање на улиците согласно ДУП от и уште денес очекуваат да го добијат изготвениот проект. „Се предвидува Мите Богоески да е со ширина од 10 метри со тоа што коловозната лента ќе биде со ширина од 6 метри и пешачките патеки ќе бидат со ширина од 2 метри. И ќе се постават нови рамници и нови...

Continue reading

lanci oprema

Надлежните се подготвуваат за почетокот на зимската сезона

Post Views: 5 Надлежните служби за одржување на патната мрежа и овозможување на безбедност во сообраќајот, денес го одржаа редовниот состанок за презентирање на предвидените мерки за работа во текот на сезоната 2012/2013. Овој состанок кој го организира Секторот за внатрешни работи од Охрид е во очи зимската сезона која официјално започнува на 15ти Ноември. Една од целите на состанокот е и ажурирање и дефинирање на работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа...

Continue reading

grdinka

Стартуваат новите градински групи во централната градинака „Јасна Ристеска“

Post Views: 6 Од наредната недела стартуваат новите градински групи во централната градинака „Јасна Ристеска“. Новите простории во доградениот дел на оваа градинка утре, на денот на нејзиниот патрон свечено ќе бидат пуштени во употреба. Тие се изградени по сите нормативи и стандарди според правилникот за изградба на детска градинка. Во новите простории има три занимални, една трпезарија и магацински дел. Таму ќе бидат згрижени 90 деца, вели директорката на градинката, Марина Петровска Тодоровска. Доградбата на централната градинка ја финансираше Локалната самоуправа, а уредувањата...

Continue reading

park shetalishte

Со купена фотографија-до нов инвентар за градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 0 Ако ја љубите фотографијата, а сакате и да помагате, тогаш еве ви можност да уживате во двете работи истовремено. Во понеделник, 5ти Ноември, во лаунџ барот Објектив, ќе се случи хуманитарна изложба на фотографии во изработка на Петар Боев. Инаку станува збор за 47 фотографии кои се сликани од месец Април па наваму, а се дел од проектот „Охрид, град на цвеќето 2012“. На фотографиите доминира цвеќето како мотив, со карактеристична охридска позадина. Фотографирани се градскиот парк и околината, а направени се фотографии и од акцијата за украсување на куќите во стариот...

Continue reading

nema struja

ЕВН ја исклучи струјата во наплатната служба на Охридски комуналец

Post Views: 12 Температурите паѓаат, часовникот се врати еден час наназад, па и брзо се стемнува. Ако ова не ви изгледа како некој проблем, тогаш замислете да немате струја во просторијата во која работите. Стана малку пострашно нели? Токму со ваков проблем се соочуваат вработените во јавното претпријатие Охридски комуналец поради неплатен долг кон ЕВН. Но не се само тие. Истиот проблем го делат и вработените во наплатната служба на јавното претпријатие Градски гробишта бидејќи се сместени токму во просториите на Комуналец кај градскиот пазар. Побаравме одговор од портпаролот на ЕВН,...

Continue reading

drva za ogrev

Од денеска стартува грејната сезона

Post Views: 2 Денеска грејните тела во општина Охрид по домовите, училиштата  и институциите остана студени поради високите температури за овој период од годината , но тоа неначи дека не сме подготвени за она што следува. „Сите основни и средни училишта  и детската градинка на територијата на општина Охрид спремни ја дочекуваат грејната сезона. Потребни количини огрев за почеток на грејна сезона имеме  во наредниот период нема да имаме проблем со почнувањето на грејната сезона“, вели првиот човек на одделението за образование Серафим Наумовски. Проблем нема да има велат од локалната,...

Continue reading

Opshta bolnica

Од денес, до петок, ревматски прегледи во Општата болница во Охрид

Post Views: 17 Од денес, па се до петок, во рамки на интерното одделение при Општата болница во Охрид, ќе гостува професор д-р Нада Марина од Клиниката за ревматологија во Скопје.  Д-р Марина во текот на овие неколку дена ќе врши ревматоидни прегледи на сите заинтересирани граѓани кои се соочуваат со ова заболување. Прегледите започнаа од утринава, а интересот прилично голем, вели д-р Марина. „Јас од сабајле имав доста пациенти, пациенти кои што редовно доаѓале во Скопје, слушнале, и дојдоа на преглед во амбулантата на интерното одделение така да имавме пациенти и од Струга. Мислам...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top