Лајнс клубот „Деница“ обезбеди нова донација за детската градинка

Донаторска забава во детската градинка Јасна Ристеска клон Развигорче.

 |  Маленкова Татјана  | 
lajons klub Denica
лајонс клуб Деница

Организатор на забавата „Играта е детска работа“,  беше Женскиот Лајонс клуб Деница кој веќе неколку месеци егзистира во Охрид. Претседателката на Деница, Јулијана Василеска вели дека се одлучиле да помогнат во доопремувањето на просториите во градинката затоа што дечињата имаат посебно место во нивното хуманитарно делување.

„Дечињата од градинка кои се толку припремени толку инспиративни самите ќе се потрудат да организираат една пригода која со наша помош и наша посетеност ќе допренесе да се соберат средства со detska gradinka Razvigorceшто ќе се помогне во доопремување на занимлните во централната детска градинка кои се во тек. Лајонси се витези на слепите, но тие се и секаде онаму каде што има потреба и каде е потребно да се донира нешто. Ние размислуваме како мајки, како деници сметаме дека е потребно тие занимални што побрзо да се опремат за да може децата да добијат свој простор за игра и едукација“, вели претседателката на Лајонс клуб „Деница“, Јулијана Василеска.

Василеска додава дека во хуманитарната акција за собирање на средства неменети за новите занимални за детската градинка, покрај членките на Деница се вклучиле и останатите членови на Лајонс клубовите, што допринесе за поголем успех на програмата и акцијата.
Директорката на детската градинка Марина Петроска Тодороска среќна што охриѓани им дадоа огромна подршка и помош во реализацијата на нивните планови.  „Ова е прва соработка со Лајанс клубот Деница која се надевам дека и понатаму ќе продолжи. Тие беа едни од иницијаторите кои помогнаа со хуманитарни акции и спонзорства да се опремат новите простории во доградбата на објектот во централната градинка. По нивниот пример има многу јавувања и заинтересирани лица и  институции кои сакаат да придонесат за децата“, вели директорката.
 
Сега кога конечно се доопемија просториите, се наметнува прашањето кога 90 те дечиња кои чекаат занималните да бидат ставени во функција ќе бидат повикани. Директорката   Петроска Тодороска објаснува што уште недостасува.

„Просториите од доградбата на објектот ќе можеме detska gradinka Razvigorceда ги отвориме за децата кои сакаат да ја посетуваат нашата градинка само доколку и министерството за труд и социјлна политика ни помогни околу вработувањето.Нашите барања се испратени и секој ден очекуваме да добиеме одговор“, вели директорката на детска градинка Јасна Ристеска, Марина Петроска Тодороска.

Контактиравме и со министерството за труд и социјална политика. Портпаролот Давор Политов за ТВМ открива дека на последната седница, владата донесла одлука за вработување на 252 воспитачи и негователки на ниво на држава, или дополнителен кадар за сите градинки во Р Македонија. Политов додава дека согласно акциониот план овие лица решенија за работа ќе добијат во јануари 2013 год.
Но ова не значи дека и новите простории на детската градинка ќе започнат со работа следната година. Директорката на градинката вели дека доставила барање до локалната самоуправа за ангажирање на волонтери во нивната установа.  Сега се чека локалната за даде зелено светло, по што дечињата ќе може да тргнат во градинка каде ќе се образуваат, но и ќе бидат згрижени.   

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top