Ознака: бараат

Да се стават во функција семафорите во Охрид

Post Views: 11 Советниците бараат од Локалната самоуправа да изнајде сообраќајно решение на две раскрсници во Охрид. Семафори има само кај раскрсницата на ул. Железничка и ул. Кленоец, како и раскрсницата на ул. Питу Гули и ул. Марко Нестороски. Иако ги има, тие не функционираат. Сообраќајот на овие делови од градот е доста прометен, особено на ул. Питу Гули, бидејќи е со предност на минување. Со оглед на тоа што во непосредна близина на оваа раскрсница се наоѓа ОУ ,,Христо Узунов”, вака без сигнализација загрозена е и безбедноста на учениците, како и на другите пешаци. Во...

Continue reading

Охридските превозници на јавен транспорт бараат зголемување на цената

Post Views: 2 Секојдневното зголемување на цените на нафтените деривати ги принуди охридските превозници во јавниот транспорт да бараат зголемување на цената на превозот. Превозниците и такси компаниите за да можат да функционираат бараат од Градскиот совет покачување на цената на билетите во општинскиот линиски превоз и стартната цена на такси превозот. Во линискиот превоз имаше зголемување на цената пред околу еден месец. Цената на билетот беше покачена за 10 денари, а по вчерашниот пораст на горивата превозниците бараат од Советот на град Охрид ново поскапување на билетите за...

Continue reading

улица охридати

Граѓани бараат да се обнови крак кај Охридати

Post Views: 9 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашиот сограѓанин Игор, кој ни ја опишува моменталната состојба на уличка која се наоѓа кај „Охридати“. Станува збор за крак од ул. „Партизанска“ кој води од ресторанот Орфеј накај хотел Милениум Палас и Кејот. Ова е неговиот коментар кој стоеше под сликите кои ни ги испрати: Во тек е изградба на ограда околу Средното угостителско училиште и тоа е за поздрав. Во прилог ви доставувам слики како беше претходно запуштено со трња и како е сега со тековните активности.  Во врска со тоа сакам да апелирам...

Continue reading

Стружани бараат пристапни рампи за инвалидизираните лица

Post Views: 2 Стружани се жалат во градот нема пристапни рампи за лицата со посебни потреби. Во рамките на рубриката „Ти си твојот град” на ТВМ телевизија пристигнаа неколку поплаки кои се однесуваат на неводењето грижа за инвалидизираните лица. Од високите рабници на тротоарите тие не можат да пристапат ниту на пешачките зони, па уште потешко може да стигнат до некоја институција или продавница. За жал, како што кажуваат телесно инвалидизираните лица, за нив се непристапни голем дел од институциите или ако се пристапни тогаш тие се оневозможени да влезат од паркираните возила.  Депласирано...

Continue reading

(ВИДЕО) 365 дена нормален сообраќај бараат охриѓани

Post Views: 10 365 дена слободни булевари и нормален сообраќај бараат охриѓани. –Да не се организираат настани со висок степен на обезбедување, нема ни да знаеме како изгледа бул. Туристичка без паркирани возила.-велат наши сограѓани кои ни испратија слики и видео за „Ти си твојот град“ Погледнете… https://tvm.mk/video/category/47-ti-si-tvojot-grad/3031-365   

Continue reading

Еколозите бараат Јабланица да се прогласи за Национален парк

Post Views: 13 За поголема заштита на природното богатство, еколозите бараат Јабланица да се прогласи за Национален парк. Доколку државата не го направи тоа час поскоро, еколошките друштва во Лабуништа најавија дека сами ќе го заштитат подрачјето, каде со години се врши масакр врз шумите. Иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк потекнува од 2007 година, но постапката за валоризација на природните вредности сеуште не е завршена. –Во случај да се нема слух за прогласување на НП ние као еколошко друштво ќе поднесеме барање за нашиот реон да си стане заштитена...

Continue reading

Филипче и Комисијата бараат мерки за Тетовскиот Регион

Post Views: 2 Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до ГККШ на Владата да предложат нови мерки за овој регион, како би се спречило рапидното ширење на вирусот Ковид 19. Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи...

Continue reading

Внимателност при известувањето за самоубиства бараат од СЕММ и ЗНМ

Post Views: 12 Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите (ЗНМ), по повод известувањето на медиумите во врска со случаите на самоубиство ги повикуваат новинарите на почитување на етичките стандарди и норми и воздржување од сензационалистичко информирање. Притоа, потсетуваме на член 7 од Кодексот на новинарите, според кој “новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост“.Воедно, потсетуваме и на обврската на медиумите содржана во член 8...

Continue reading

Струшките советници од Вмро и Алијансата бараат оставка од Мерко или одговорно вршење на функцијата

Post Views: 3 Рамиз Мерко, струшкиот градоначалник, бега од одговорност и од проблемите кои сам ги создаде , вели Имет Имери советник од Алијансата за Албанците после писмото со кое Мерко се обрати до Владата.Ова доаѓа по информацијата дека струшкиот градоначалник се пожалил до владата дека бил мета на закани и притисоци па се саморазвласти од надлежностите во делот на урбанизмот. Односно, ги враќа ингеренциите од општината на централната власт. За ваквата постапка советникот Имери со порака до Мерко да си замине од функцијата или машки да ги реши проблемите до крај. „ Мислам дека...

Continue reading

Железничарите си ги бараат платите, сообраќајот во прекин

Post Views: 8 Од вчера наутро железничкиот товарен сообраќај во Македонија е во целосен прекин, а од полноќ и железничкиот патнички сообраќај. Вработените во МЖ Транспорт АД Скопје се во штрајк незадоволни од доцнењето на вториот дел од платата за октомври. МЖ Транспорт АД Скопје вчера соопшти дека железничкиот товарен сообраќај е во целосен прекин од вчера во 7,30 часот, а железничкиот патнички сообраќај од станица Скопје Патничка се одвиваше до полноќ. Претставници на машинскиот персонал велат дека прекинот на железничкиот сообраќај ќе трае до исполнување на поставеното барање –...

Continue reading

Вакцини за сиромашните бараат светските познати личности

Post Views: 0 Во отвореното писмо, познатите личности од светот на спортот и забавата ги повикуваат лидерите на САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Канада и Јапонија да се обврзат дека ќе им поделат на сиромашните земји најмалку 20 проценти од залихите на вакцините против коронавирусот. Меѓу потписниците на отвореното писмо се наоѓаат главно амбасадори на волја на УНИЦЕФ, меѓу кои актерите Лиам Нисон, Орландо Блум и Вупи Голдберг, пејачката Кети Пери, фудбалерот Дејвид Бекам, шампионот на Формула 1 Фернандо Алонсо и тенисерот Енди Мари. Целта на очекуваната донација...

Continue reading

nevrabotenost

Во Струга, работа бараат околу девет илјади лица

Post Views: 2 Во општина Струга 8850 лица  бараат работа. Деловните субјекти очекувале во периодот од 2006 -2008, тенденција на зголемување на бројот на невработеноста. Сепак статистичките податоци покажуваат намалување кое се должи на вработувањата пред се во малите претпријатија, вели  Владислав Жупан сектор за Локален развој Струга. Тој додава дека изготвиле анализа на локалниот пазар на труд и насоки од акциониот план по кој ќе  работат за понатамошно намалување на невработеноста. Во општина Струга во Центарот за вработување се евидентирани околу 5000 невработени млади луѓе и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top