Филипче и Комисијата бараат мерки за Тетовскиот Регион

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до ГККШ на Владата да предложат нови мерки за овој регион, како би се спречило рапидното ширење на вирусот Ковид 19.

 |   | 

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до ГККШ на Владата да предложат нови мерки за овој регион, како би се спречило рапидното ширење на вирусот Ковид 19.

Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот.

Анализите кои беа изработени изминативе денови од страна на ИЈЗ укажуваат дека, вирусот пред се се шири кај невакцинираните, над 90% од новите случаи се невакцинирани граѓани. Од друга страна опфатот со вакцинација е под 20% во Тетово. Како кластери каде најбрзо се шири вирусот се свадби и прослави на затворено кои ги има многу во овој регион,а според информациите на локално ниво воопшто не се почитуваат мерките за превенција, пред се носење маски на затворено.

Министерот и членовите на Комисијата на ГККШ ги предложуваат следните мерки и рестрикции:

-Забрана за одржување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави. Ова е клучно да се почитува во следниот период, а граѓаните мора да разберат дека оваа мерка е нужна.

-Исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти не смее да надминува 30%, а на масите не смеат да седат повеќе од 4 лица.

-Засилени контроли за спроведување на овие мерки но и мерките за лична заштита и тоа пред се носење маски на затворено.

 
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top