ти си твојот град

Граѓани бараат да се обнови крак кај Охридати

Во рубриката „Ти си твојот град“ пристигнаа слики од населбата „Охридати“. Погледнете за што точно станува збор !
 |  инфодеск  | 
улица охридати

Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашиот сограѓанин Игор, кој ни ја опишува моменталната состојба на уличка која се наоѓа кај „Охридати“.

Станува збор за крак од ул. „Партизанска“ кој води од ресторанот Орфеј накај хотел Милениум Палас и Кејот.

Ова е неговиот коментар кој стоеше под сликите кои ни ги испрати:

Во тек е изградба на ограда околу Средното угостителско училиште и тоа е за поздрав. Во прилог ви доставувам слики како беше претходно запуштено со трња и како е сега со тековните активности. 

Во врска со тоа сакам да апелирам до Локалната самоуправа, да го искористат моментот и целосно да ја обноват оваа патека која е многу фреквентна пешачка зона, линк помеѓу Охридати и Туристичка со кејот. Крајно неугледно и неодговорно е во центарот на туристичката зона асфалтатот да е со толку дупки, бекатонот разместен, при дожд-хорор итн.

П.С. Претходните 2-3 години екипа на Комуналец не е помината тука, грмушките беа огромни, ѓубре околу нив натрупано ( веројатно запоставувањето на кракот се должи на тоа што нема локално гласачко тело што живее таму-најголем дел становите не се на охриѓани) – вели Игор за „Ти си твојот град“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top