Ознака: јубилеј

torta kolibri

Роденденска торта, прекрасен јубилеј и хуманост

Post Views: 0 Конфети, роденденска торта, музика и хуманост. Кошаркарскиот клуб „Колибри“ од Охрид, денес го прослави својот десетти роденден. Во свечена атмосфера, во салата „Тодор Александров“ во Велгошти, тие организираа кошаркарски турнир наменет за активните членови на клубот. „Денес го славиме нашиот јубилеј, десет години од нашето постоење. К.К Колибри како школа почна пред десет години на отворените терени на Ј.П „Билјанини извори“. Имавме богата историја позади нас, многу дечиња поминаа низ нашата школа и стигнавме еве до денешниов ден. Симболично со турнир само за нашите...

Continue reading

jubilej

Јубилеј достоен за почит

Post Views: 8 Отворениот граѓански Универзитет за доживотно учење Кузман Шапкарев, претставува еден од темелите на цело образование кое што не е предвидено со законите за основнио и средно образование во Р. Македонија, изјави заменикот на градоналчалникот на Охрид, Ангел Јанев, на одбележувањето на јубилејот- 60 години од постоењето на оваа институција. „Ја користам оваа прилика да го честитам овој јубилеј со надеж и желба да го славиме и наредните години во една успешна соработка а ние од Локалната самоуправа и советот на Охрид ќе се обидеме со сите наши можности и средства да помогниме...

Continue reading

Gjerdan

КУД „Ѓердан“ слави 45 години игри, песни, музика, историја

Post Views: 4 Генерации и генерации, сегашни и минати членови на културно уметничкото друштво „Ѓердан“, денес слават прекрасен јубилеј. Носителите на една култура, на македонски фолклор, на убава музика, на дружби, на радосни мигови и мигови на тага, со промоцијата на една убава монографија напишана од етнологот Оливера Мишева, го започнаа прославувањето на 45 годишното постоење на КУД „Ѓердан“. Неговиот претседател, Методија Бараковски-Менде, вели дека невозможно е накратко да се раскаже историјата на „Ѓердан“, дека за тоа би биле потребни денови и денови. За монографијата „45 години...

Continue reading

maturanti 50

Златна матура на генерацијата 1962/63 год

Post Views: 2 Класен час на генерацијата 1962/63 година. Возбуда, воздишки, искрени и срдечни прегратки и евоцирање спомени, вака денес изгледаше средбата на соучениците од петтата генерација на средното економско училиште од Охрид. Дотерани и елегантни, насмеани и среќни, тие го одбележаа златниот јубилеј – 50 години од матурата. Чуството е неописливо, ваквите јубилеи се поскапи дури од златото, вели класниот раководител Трајан Ласовски.  „Искрено јас многу сум соживеал со учениците во тоа време кога се наоѓав во економското училиште и до ден денс ме бараат и тоа ме храни....

Continue reading

aeht

Охрид домаќин на сребрениот јубилеј на АЕХТ

Post Views: 3 Од денес па се до петок Охрид е домаќин на конференцијата на асоцијацијата  на туристичките училишта од Европа. На 25-та јубилејна средба, на натпреварите во 8 угостителски и туристички дисциплини ќе се натпреваруваат над 600 ученици од 30 земји. Меѓународната конференција ја отвори охридскиот градоначалник Александар Петрески. Почестени сме што за вашето јубилејно среќавање го избравте древниот Охрид, центарот на сесловенската писменост и култрура, градот на Св. Климент и Наум Охридски, кажа градоначалникот во својот поздравен говор.„Вие сте тие што од храната прават...

Continue reading

Suna

50 години во боите на виножитото

Post Views: 11 Ова е краткото име на долгиот пат кон успехот на Нијази Махмуд или онака како што сите го знаеме, СУНА бои и лакови. Емотивни говори, благодарници за верните соработници и пријатели. Златниот јубилеј на една од првите приватни фирми во Охрид прославен на еден посебен начин. Една од првите приватни фирми во градов го доживеа својот златен јубилеј. Мајсторот Нијази Махмуд и неговата СУНА денес одбележаа успех каков што ретко се одбележува. Од скромните почетоци далечната 1961ва година кога на мала троколка си го терал својот занает, денес Нијази Махмуд е едно од најпознатите...

Continue reading

nov

Свечено одбележан големиот јубилеј 70 години од почетокот на НOАВМ

Post Views: 5 Во Охрид одбележан големиот јубилеј 70 години од почетокот на Народно Ослободителната антифашистичка војна на Македонија и Денот на Востанието 11 Октомври. Пред голем број присутни и преживеани учесници од НОВ и почитувачи на нивната борба, за текот на значајните историски настани од овој дел на поновата историја, се осврна претседателот на општинската организација на Сојузот на борците од НОБ, Гоце Георгиески. Тој потсети дека родољубите и патриотите, на овој светол ден ја започнаа борбата против фашизмот и станаа дел од големата светска коалиција која заврши со...

Continue reading

spomenik

По партизанските патеки

Post Views: 6 По повод јубилејот 65 години од победата над фашизмот, Сојузот на борците од НОАВМ од Охрид и Дебрца и Советот на Општинската организација на СДСМ од Охрид организираа марш до споменикот на паднатите борци во селото Белчишта. По партизанските патеки на Дебрца вчера тргнаа над 700 учесници. Покрај неколкумината преживеани учесници од НОБ, на маршот му се приклучија и подржувачите на традициите на НОБ. Маршот кој беше поддржан од локалните самоуправи од Охрид и Дебца, започна утрото во 10 часот од Ново Село, а негова крајната дестинација беше Споменикот на паднатите борци...

Continue reading

crven krst

„Црвен крст“-Охрид одбележа 65 години постоење

Post Views: 20 Општинскиот Црвен крст одбележа 65 години од формирањето. Прославата отпочна со полагање  на цвеќе пред бистата на оснивачот на меѓународното движење, Анри Динан, пред седиштето на Црвениот крст. Голем број волонтери со свечено дефиле продолжија низ улиците кое заврши на градскиот плоштад.Таму беа презентирани големиот број активности  на Црвениот крст.Во одбележување на 65 годишнот јубилеј присуствуваа и преставници од Црвениот крст од Крагуевац, Србија. Гостите не го криеа задоволството од соработката со охридскиот општински црвен крст со кој пред 5 години потпишаа...

Continue reading

torta

Традицијата на „Опел Старт“ продолжува

Post Views: 7 Со традиција од 20 години успешно работење и само неколку вработени на почетокот,  денес „Опел Старт“ е  реномиран продажен авто-салон, кој брои околу 20-тина вработени кои се вклучени во  активноста на фирмата. Во текот на двете децении од постоењето  на авто салонот, љубовта кон автомобилите му дала поттик на соптвеникот Глигор Пљакоски, својот животен век да го посвети на продажба и сервисирање возила. Управителот на авто-салонот Горан Чалоски пред бројните гости истакна дека успехот на „Опел Старт“ се должи на довербата која купувачите ја имаат кон нив. Не беа заборавени...

Continue reading

Karabejmahale

Одбележан јубилејот на здруженито Карабеј махале

Post Views: 2 Турската заедница во текот на изминатиот период остварила голем број активности. За соработка се отворени кон сите заедници. Турската етничка заедница го одбележа  10 годишното постоење  на здружението на  граѓани Карабеј махале. Беа презентирани  нивните активности, фолклор и специјалитети од  турската кујна. Преставниците на оваа етничка заедница се обидуваат да ја зачува својата култура и традиција. Последните години во реалзиација на  проектите и активностите имаат  подршка од турската агенција за развој и соработка. Во изминативе години ги истакнуваат одбележувањата...

Continue reading

deca

Детската градинака „Јaсна Ристеска“ денес го слави 45-тиот роденден

Post Views: 0 Од формирањето  до денес, установата бележи успех, за тоа говори големиот интерес на родителите за упис на своите деца. По повод јубилејот- децата приредија разни содржини за кои се подготвуваа  подолг период. Детската градинака „Јасна Ристеска“ од Охрид денес одбележува јубилеј- 45 години од постоење. Во досегашниот период, градинката има постогнато голем напредок. Иако тоа е очигледно, сепак  себично е од моја страна да ги потенцирам успесите, вели првиот човек на установата. За тоа зборува фактот што интересот кај родителите за запишување на своите деца  во групите,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top