Охрид домаќин на сребрениот јубилеј на АЕХТ

Од денес па се до петок Охрид е домаќин на конференцијата на асоцијацијата  на туристичките училишта од Европа.

 |  Валентина Неловска  | 
aeht
aeht

Од денес па се до петок Охрид е домаќин на конференцијата на асоцијацијата  на туристичките училишта од Европа. На 25-та јубилејна средба, на натпреварите во 8 угостителски и туристички дисциплини ќе се натпреваруваат над 600 ученици од 30 земји. Меѓународната конференција ја отвори охридскиот градоначалник Александар Петрески. Почестени сме што за вашето јубилејно среќавање го избравте древниот Охрид, центарот на сесловенската писменост и култрура, градот на Св. Климент и Наум Охридски, кажа градоначалникот во својот поздравен говор.
„Вие сте тие што од храната прават уметност и со неа ги задоволувате и најистенчените вкусови на гостите. Ќе престојувате во најголемиот туристички центар Охрид, но и во други македонски градови  кои ќе Ви ги направат достапни убавините на Македонија. Вие учесниците на овој голем собир веруваме дека ќе бидете по враќањето во вашите земји  наши амбасадори, ќе ја раскажете приказната за древностите и вистината за Македонија, во време кога тоа ни  е најпротребна кога некои соседи сакаат да го негираат тоа“.  
aeht 
Од името на Министерството за образование и  наука кој е поддржувач на овој голем и значаен меѓународен собир на туристичките училишта и виши школи, присутните ги поздрави,  Наташа Јанеска.

Претседателот на асоцијацијата на туристичките училишта, Клаус Ененегел го изрази своето задоволство што еден голем јубилеј на нивната асоцијација се одржува во Македонија. Иако, како што рече, нашата земја е најмладата, но е најактивна членка во оваа   организација.

„Јас сум сеуште ентузијаст за идеите и визиите на АЕХТ. Нашата конференција е експрес лонец од нации , воспставување на контакти, платформи и креирање на нови идеи и интересни проекти. Горди сме што толку многу  млади луѓе се меѓу нас тука за да се натпреваруваат во разни дисциплини и да победат. Но, сите Вие  веќе сте победници со тоа што сте избрани од училиштето и професорите за да дојдете овде и да ги презентирате грaдот, училиштето и земјата“, ги поздрави младите угостители Ененгелс.

Натпреварувачкиот дел, во кој ќе учествуваат учениците во мешани меѓународни тимови, ќе се одвива во хотелите Метропол и Белви. Вештините и знаењата учениците од туристичките училишта ќе ги покажат во 8 дисциплини меѓу кои  готварство и барменство.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top