Ознака: јубилеј

Jubulej Angliska kralica

Дијамантска журка за кралицата

Post Views: 2 Во Лондон околу 18 илјади посетители го следеа концертот со поп ѕвездата Роби Вилијамс пред Бакингамската палата. Британската кралица Елизабета, без хоспитализираниот сопруг, принцот Филип, но придружувана од сите други членови на нејзинито семејство, синоќа присуствуваше на спектакуларниот кралски концерт во чест на одбележувањето на нејзиниот дијамантски јубилеј – 60-годишнината откако е на престолот на Обединетото Кралство. Пред почетокот на концертот, во градината на Бакингамската палата, приреден е пикник на кој што присуствувале 12.000 добитници на лотарија....

Continue reading

Јубилеј на кореографката Рисима Рисимкин на Охридско лето

Post Views: 1 Со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ , една од водечките домашни кореографи, уметнички директор на светски реномираниот „Скопје танц-фест“ и основач на првата официјална компанија за современ танц во земјата, Рисима Рисимкин, денеска  во 21 часот во Предворјето на црквата „Св. Софија“, ќе го одбележи јубилејот, триесет години активно кореографско творештво, како дел од годинешното издание на Охридско лето. „Среќна сум што и покрај ситуацијата што нѐ затекна, успеваме да најдеме начин на работа и споделување на уметноста со нашата публика, што...

Continue reading

Тажен јубилеј во светот на спортот

Post Views: 2 Денес е тажен јубилеј во светот на спортот, точно на денешен ден загина големиот Аиртон Сена. Еден од најголемите возачи во историјата на Формула1 загина за време на трката за големата награда на Сан Марино во 1994 година. Тоа се случи на патеката во италијанската Имола, градче оддалечено 40 километри од Болоња. Во седмиот круг бразилскиот возач излета од патеката и удри во бетонски ѕид. Од камерата која одеше во живо од болидот на Бенетон, на Михаел Шумахер, се видело дека болидот на Сена два пати пролизгал од задната страна. Тоа имаше за последица излетување од патеката...

Continue reading

Академскиот сликар Славко Упевче одбележува златен јубилеј 5 децении од неговото ликовно творештво

Post Views: 3 Охридскиот сликар Славко Упевче во континуитет од 5 децении со четката и боите ги чува од заборав белезите по кои се препознатливи Охрид и Езерото. Во текот на сите овие децении Упевче во своите дела ги заробил спомените на делови од Охрид, од неговите сокаци, архитектура, калдрмата, дрвата , езерското синило. Со изложба годинава одбележува златен јубилеј од 5 децении на неговото творештво. Вели, почнав да сликам како дете, па како тинејџер, како возрасен вработен човек и сега како пензионер. „ Од првата самостојна изложба организирана како гимназијалец во гимназијата...

Continue reading

vevcani

Седум децении слободно Вевчани

Post Views: 0 Синоќа во Вевчани беше одбележан големиот македонски и вевчански јубилеј 70-те слободни години и 7 децении заедничка изградба и препород на земјата и на Вевчани. По тој повод во вевчанскиот дом на култура се одржа свечена академија на која говореше градоначалникот Цветомир Угриноски. Тој во својата реч потенцираше се што во овие 7 децении е направено за Вевчани, како и за тоа кои се приоритните проекти за реализација на општината во иднина. На сите заслужни вевчанци кои во изминатите 70 години вложиле дел од себе за опстојувањето, изградбата и афирмацијата на Вевчани...

Continue reading

Родниот град го одбележа двојниот јубилеј на макодонскиот преродбеник Кузман Шапкарев

Post Views: 0 Општина Охрид и НУ Библиотека „ Григор Прличев“ организираа одбележување на двоен јубилеј -185 години од раѓањето и 110 години од смртта на Кузман Шапкарев. Шапкарев е роден во Охрид во 1834 година,а умира во Софија на 18 март, 1909 година. За новите факти за животот и делото на познатиот македонски преродбеник, охриѓанецот Кузман Шапкарев, зборуваа професорката Татјана Дурнева и проф. д-р Томе Груевски. Професорката Дурнева истакна дека првите запишани македонски народни умотворби датираат од 14 век. 19 век е периодот на романтизмот и културната преродба во Македонија...

Continue reading

Фото клуб Охрид одбележува јубилеј две децении постоење

Post Views: 7 Членовите на Фото клубот Охрид со традиционална изложба посветена на Св. Климент Охридски одбележаа и јубилеј 2 децении постоење. 15тина членови на фото клубот презентираа 50тина уметнички фотографии. Клубот некогаш одржувал повеќе изложби , а сега се излагаат нивните уметнички фотографии два пати во текот на годината , на Денот на Езерото и на патронатот на градот Св. Климент Охридски. 20- те години постоење се потврда дека фото клубот се темели на чиста љубов, искрени и благородни намери на основачите долго да трае, истакна на свеченото отварање Ѓоко Симјаноски член...

Continue reading

„Поетска ноќ во Велестово“ одбележува тридецениски јубилеј

Post Views: 0 „Поетска ноќ во Велестово“ ја извади поезијата од академските простории и ја врати онаму од каде што поетскиот јазик протекол од чистата нечепната природа. Од тридецениско растојание може да се каже дека претставува една своевидна антологија на македонската поезија, кажа основачот, поетот Славе Ѓорѓо Димоски. Пред 30 години манифестациајта започна со оригинална концепција како спој на поезијата и сликарството а од 2008 година пресрасна во меѓународна. Годинава ќе изостане меѓународниот дел но ова јубилејно издание е исклучително значајно за поновата македонска поезија....

Continue reading

Курајчкиот фестивал годинава одбележува јубилеј

Post Views: 0 Курајчани одбележуваат значаен јубилеј, 20 години од постоењето на Василичарскиот карневал. Традиционалните маски, зетот, невестата, валегачот, бајачот и годинава ќе бидат дел од поворката која започнува на 13 јануари во 17 часот, вели кметот на селото Горан Ангелоски. Тој најавува многу изненадувања, а за ТВМ открива кој ќе ги забавува бројните посетители. „Збогативме подобро во музичкиот дел, тука е Екстра бенд од Скопје, водител ќе биде Игор Трпчевски или таканаречениот Итар Пејо од Прилеп и Маја Бимбилоска, така да ќе имаме една успешна приказна надополнета со многу...

Continue reading

muzej struga

Спомен соба за Незлобински

Post Views: 18 Стружани скромно ќе го одбележат големиот јубилеј, 70 години од смртта на Д-р.Никола Незлобински. Неговото име е тесно поврзано со почетоците на музејската дејност во Струга, бидејќи тој е човекот кој ги отвора вратите на првата музејска збирка, со што биле поставени основите на музеологијата во Македонија. Финишираат подготовките за одбележување на овој јубилеј, вели директорот на Музејот, Сашо Цветкоски. Тој додава дека единствено Министерството за култура донирало средства за одбележување на овој јубилеј, а со дел од средствата била подготвена спомен собата на Д-р.Никола...

Continue reading

bokova

Директорот на УНЕСКО во посета на Македонија

Post Views: 6 По повод златниот јубилеј на реномираната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ денеска и утре, во официјална посета на Република Македонија ќе престојува генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова. Како што соопшти Министерството за култура, во текот на денешниот ден,  Бокова придружувана од министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО Елизабета Канческа-Милевска ќе го посети Музејот на вода во Охрид, а во вечерните часови ќе присуствува на презентацијата на поетскиот портрет на годинашниот лауреат на СВП, Матеа Матевски. Утре,...

Continue reading

бисер

Музичкиот фестивал „Охридски бисери“ одбележува јубилеј 15 години постоење

Post Views: 6 Во тек е одржувањето на меѓунбаропдниот фестивал со натпреварувачки карактер  „Охридски бисери“. Во четири категории ќе се натпреваруваат 117 талентирани музичари во две дисциплини  виолина и пијано. Овој реномиран фестивал има  натпреварувачки карактер и одбележува јубилеј, информира еден од организаторите професор Ѓорѓи Улишев. „ За овие 15 години во Охрид на музичкиот подиум продефилирале 2500 млади музички таленти. Дел од нив се познати репродуктивни уметници кои концертираат на музичките сцени во светот. Тоа го потврдуваат двајца музичари од Врашва кои победија...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top