Тажен јубилеј во светот на спортот

20 години од трагичната смрт

 |  инфодеск  | 

Денес е тажен јубилеј во светот на спортот, точно на денешен ден загина големиот Аиртон Сена. Еден од најголемите возачи во историјата на Формула1 загина за време на трката за големата награда на Сан Марино во 1994 година. Тоа се случи на патеката во италијанската Имола, градче оддалечено 40 километри од Болоња.

Во седмиот круг бразилскиот возач излета од патеката и удри во бетонски ѕид. Од камерата која одеше во живо од болидот на Бенетон, на Михаел Шумахер, се видело дека болидот на Сена два пати пролизгал од задната страна. Тоа имаше за последица излетување од патеката во кривината Тамбурело и удар во незаштитениот бетонски ѕид.

„Изгледаше безживотно. Му ги поткренав капаците од очите и благодарение на зениците утврдив дека претрпел повреда на мозокот. Го извлековме од кокпитот и го положивме на земја. Само што го направивме тоа тој почина, почувствував дека душата му замина од телото во тој момент“, рекол Сидни Воткинс, тогашен лидер на медицинскиот тим на Ф1.

Аиртон е последниот возач кој загинал во Формула1, а Бразилецот во својата кариера победил 41 пат, подобри се само Шумахер со 91 и Прост со 51 победа. Дури 65 пати освојувал пол позиција а беше три пати светски првак. Сите наслови ги освои со Мекларен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top