Ознака: јубилеј

Spomenik Miladinovci

150 години од Зборникот на Миладиновци

Post Views: 4 Стихови кои се кажувале, се кажуваа и ќе се кажуваат. Едно од најголемите сведоштва дека македонскиот народ има богата и разновидна народна книжевност е Зборникот на народни умотворби, од надалеку прочуените македонски просветители, браќата Миладиновци.  Денес се навршија 150 години од  издавањето на Зборникот, кој како јубилеј за жал се одбележа скромно. Потомокот на браќата Миладиновци, Ристе Миладин, вели дека ова одбележување треба да биде на повисоко ниво бидејќи не се работи за излегување на една секојдневна книга, туку дека се работи за едно библиско и капитално...

Continue reading

Хидробиолошки завод одбележа 8 децениски јубилеј достоен за почит

Post Views: 0 Хидробиолошкиот Завод од Охрид денес одбележа голем јубилеј, 80 години од неговото основање. Првиот човек на установата  проф. Др Сузана Патчева потсети на почетоците од основањето на институтот во далечната 1935 год. Исто така изнесе хронолошки податоци за формирањето на овој институт, кој е формиран на иницијатива на Синиша Станковиќ еколог, лимнолог и најпознат познавач на Охридското езеро. Ендемични видови риби и полжави во Охридското Езеро откриле двајцата  познати зоолози од Универзитетот во Виена Штаиндахнер во 1892 год и Сторани во 1894, за да потоа загребскиот...

Continue reading

Охридскиот факултет за туризам гоодбележа својот јубилеј, 45 години

Post Views: 1 Во изминативе четири и пол децении на ФТУ Охрид, поминале повеќе од 6000 студенти од сите студиски програми. Денес добар дел од нив се кадар на високи позиции во Владата на РМ, Царинска управа, Агенцијата за супер визија во осигурување, како и во голем број шпедиции, хотели низ цела држава. Ова денеска на  Свечената академија по повод 45 годишниот јубилеј  го истакна првиот човек на Факултетот  деканот, проф.Цветко Андрески. „ФТУ ги има сите три циклуци на студии, има голем број на истражувачи кои што навистина се признати пошироко и можам да кажам дека ги има сите...

Continue reading

Braka Miladinovci

Струга бележи голем јубилеј

Post Views: 0 Јубилеј кој е чест да се доживее. Од денес во Струга отпочна одбележувањето на двеста годишнината од раѓањето на најголемиот македонски преродбеник Димитар Миладинов. Првиот човек на НУ „Др. Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски, во присуство на  ученици од ОУ „Браќа Миладиновци“, положи свежо цвеќе пред споменикот на Браќата Миладиновци во близина на истоимената спомен куќа. Тој ја потенцира големата важност на браќата Миладиновци, нивниот животен пат и дело. Историчарот Петар Аврамоски цели 10 години го водел спомен домот на браќата Миладиновци, кој се наоѓа во централното...

Continue reading

Емисијата „Не бери гајле“ го прослави својот јубилеј

Post Views: 2 Култната емисија „Не бери гајле“, на охридското Супер Радио, го прслави својот јубилеј, 10 години постоење. До ден денес таа се емитува во континуитет, сигурно е една од ретките ако не и единствена музичка емисија во историјата на радиото со толку голем стаж. Роденденот беше повод да врземе лав муабет со уредникот на емисијата Жанко Зш Голабоски за интересните моменти кои ја креираа историјата на ветераните меѓу музичките емисии и која од како се појави до ден денес е задолжителен ритуал на многу охриѓани но и стружани. „Се се сучи пред десет години во десет минути разговор...

Continue reading

tekvondo

23 години постоење на Теквон До ИТФ Македонија

Post Views: 12 Многу пехари, медали во минатото како мотив и инспирација да се истрае и дочека денешниот за нив голем јубилеј. Теквондо ИТФ Македонија, денес прослави 23 години од своето постоење. Во друштво на своите борци, поддржувачи како и главните луѓе на федерацијата Саша Поповски и Марјанчо Лазарески со торта и свеќички одбележан нивниот јубилеј. „Во секој спорт, или било која работа, секој почеток е многу тежок. Ние кога бевме пионери на овој спорт во Македонија, бевме и тренери и организатори и натпреварувачи. Полека со тек на време почнавме да прераснуваме во поголема организација,...

Continue reading

Охридската Специјална болница за кардиологија одбележува јубилеј 15 години интервентна кардиологија

Post Views: 4 Охридската Специјална болница за кардиологија Св. Стефан одбележува значаен јубилеј 15 години интервентна кардиологија. Пред 15 години, на 21 јуни беше направена првата интервенција во оваа установа, во тогаш новоотворената Катетеризациона сала, единствена таква во државата, надвор од Клиниката за кардиологија во Скопје. Воведувањето на интервентната кардиологија како дејност, во тогаш популарно виканиот “Кардиолошки Завод” значеше почеток на нова етапа во развојот на оваа установа, а беше резултат на несебичното залагање и огромниот ентузијазам на мала група на визионери,...

Continue reading

akademija Crven krst

Со свечена академија, Црвениот крст-Охрид го заокружи одбележувањето на својот јубилеј

Post Views: 1 70 години хумана мисија, волонтеризам. Црвениот крст од Охрид со свечена академија, како јагода на шлагот го заокружи својот јубилеј за почит. Поддржувачи, волонтери поранешни и сегашни, пријатели и партнери на најхуманата организација во светот во еден здив ги проследија интересните уметнички перформанси, но и одличниот документарен филм за историјатот на охридскиот Црвен крст. „Голема е гордоста и честа секако да се биде лидер на оваа организација која што слави ваков јубилеј и која што има еден огромен број на волонтери и активисти, професионалци, луѓе кои навистина...

Continue reading

crven krst

70 години хуманост и посветена работа на Црвен крст-Охрид

Post Views: 26   Најхуманата, исклучително почитуваната и посветена организација, Црвениот крст од Охрид денес го прославува својот прекрасен јубилеј. 70 години постоење, 70 години посветеност и хуманизам, 70 години од основањето на оваа општинска организација. Со свечено дефиле од пред споменикот на основачот на Меѓународната организација на Црвениот крст, Анри Динан, денес, волонтерите, раководството, сите членови, поддржувачи и соработници на охридскиот Црвен крст ги започнаа чествувањата на нивниот јубилеј. Весна Терзиоска, потпретседател на О.О на Црвениот крст од Охрид, вели...

Continue reading

Хуманоста не старее, 70 години Црвен крст Охрид

Post Views: 3 На денешен ден, пред 70 години, Црвен крст Охрид организирано ја започна својата хуманитарна мисија. Во создавањето и развојот на Црвен крст Охрид биле вклучени безброј имени и безимени активисти кои оставиле свои траги во делувањето и растежот на организацијата. Овој седумдесет годишен период на грижа за човекот и достоинството на човечкиот живот, бележи голем број активности од социјално-хуманитарната програма, здравственото воспитување и превенцијата на болести на срцето и крвните садови, превенција на туберкулозата, ХИВ-СИДА, превенција на ракот, превенција на болестите...

Continue reading

Народниот театар од Охрид одбележува јубилеј десетгодишнина од неговото формирање

Post Views: 7 Народниот театар од Охрид слави десетгодишен јубилеј од неговото формирање со изведба на претставата „Сопружници”. Денес, се одбележува јубилеј кој пред една декада и повеќе беше мислена именка градот да има институција театар, а ние штотуку завршените актери го очекувавме како топол леб, се потсетува Стрезо Стаматоски, еден од иницијаторите актери за неговото фомирање. Стаматоски со гордост ги споменува и останатите актери од екипата која го иницираше формирањето на охридскиот театар меѓу кои се актерите Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Ивица Цонев...

Continue reading

матуранмти 64

50 години од матура

Post Views: 2 Генерацијата матуранри 1964 од Гимназијата Св. „Климент Охридски“ го одбележа својот  50 годишен јубилеј. Дваесет некогашни ученици заедно со нивниот класен раководител Зарко Баче евоцираа спомени за нивните школски денови, за сите згоди и незгоди, скриени љубови. Во саботата претпладнето се собраа на класен час а вечерта прославија во ресторанот „Далга“. Тие се договорија ваквите дружби да ги практикуваат почесто бидејќи тоа им дава еден поголем смисол на нивните пензионерски денови. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top