150 години од Зборникот на Миладиновци

На денешен ден пред 150 години во Загреб, излезе Зборникот на народни умотворби на браќата Миладиновци. Станува збор за дело со библиско значчење за македонскиот народ. Денес пред спомен домот на браќата Миладиновци, скромно се одбележа овој јубилеј.

 |  Билјана Николоска  | 
Spomenik Miladinovci
споменик Миладиновци

Стихови кои се кажувале, се кажуваа и ќе се кажуваат. Едно од најголемите сведоштва дека македонскиот народ има богата и разновидна народна книжевност е Зборникот на народни умотворби, од надалеку прочуените македонски просветители, браќата Миладиновци.  Денес се навршија 150 години од  издавањето на Зборникот, кој како јубилеј за жал се одбележа скромно. Потомокот на браќата Миладиновци, Ристе Миладин, вели дека ова одбележување треба да биде на повисоко ниво бидејќи не се работи за излегување на една секојдневна книга, туку дека се работи за едно библиско и капитално дело што за нас македонците важи како света библија.

„Денешниот ден е многу значаен не само за нас стружани туку и за цела македонија и македдонштината, со кое што миладиновци не обврзаа не само да го чуваме и негуваме туку и да го продолжиме нивното дело како што рекол Димитар јас го посеав семето а вие бидете живи да го ожнеете неговиот плод“, вели Миладин.

„Колку сме, толку сме, токму сме“, со овие зборови на познатиот македонски писател Гане Тодороски, пред присутните се обрати Јове Негриески. Тој рече дека секоја година на овој ден се собираат и скромно одбележуваат, но жалосно е што останатите луѓе каде што Димитар Миладинов бил учител ги нема тука.

„Ги забораваме полека Миладиновци и ако продолжиме вака не верувам дека утре ќе можеме да славиме. Жалосно е што ниту познатата МАНУ не направи ништо овој ден да добие поголемо значење, кое со право го заслужува“, вели Негриески.

Разме Кумбароски  директорот на медитеранската академија „Браќа Миладиновци“, вели дека денешниот ден, 24 јуни за граѓаните на Струга е значаен и не треба никогаш да се заборави. Тој додава дека, напротив треба да се зголеми интенцијата за негово одбележување.

Стружанец кој го нема Зборникот на Миладиновци, не е стружанец, сметаат културните работници од Струга. Тие порачаа младите да го земат и да го прочитаат Зборникот на Миладиновци и доколку го немаат во својата библиотека, да го набават. Додека пак потомците на браќата Миладиновци сметаат дека во Струга треба да се направи еден монјументален споменик, како градот би бил обележан со тоа, бидејќи и онака се нарекува град на браќата Миладиновци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top