„Поетска ноќ во Велестово“ одбележува тридецениски јубилеј

Манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ годинава одбележува тридецениски јубилеј. Тридневната програма започнува утревечер на Чешмата во живописното Велестово со промоција на своевидно капитално дело, збирка на македонска поезија на 21от век.

 |   | 

„Поетска ноќ во Велестово“ ја извади поезијата од академските простории и ја врати онаму од каде што поетскиот јазик протекол од чистата нечепната природа. Од тридецениско растојание може да се каже дека претставува една своевидна антологија на македонската поезија, кажа основачот, поетот Славе Ѓорѓо Димоски. Пред 30 години манифестациајта започна со оригинална концепција како спој на поезијата и сликарството а од 2008 година пресрасна во меѓународна. Годинава ќе изостане меѓународниот дел но ова јубилејно издание е исклучително значајно за поновата македонска поезија. Утревечер , “Поетска ноќ во Велестово“ ќе биде отворена со звуците на саксафонот на Горан Папаз и промоција на збирка поезија на македонски поети на 21 век,   „Гласови на новиот век“.

„Шест поети ќе ја претстават својата генерација а во книгата се опфатени 32 поети. Таа не е антологиски избор туку претставува една панорама на оној миг што се случува во македонската поезија во 21от век. Како книга таа ќе биде своевиден предизвик за многу теоретичари и критичари но и акко едно значајно обележје на генерацијата после 2000 година. Тоа за манифестацијата ќе биде едно капитално дело. И не само за манифестацијата туку и за македонската литература. “  – вели Ѓорѓо Димоски.

Претседателката на градскиот совет , Живка Ангелоска,  во име на општина Охрид,  на организаторите им го честита успехот во издигнувањето на „Поетска ноќ во Велестово“ во препознатлива манифестација со сопствен идентитет на која сите треба да сме горди. Во Велестово и ова лето ќе се слави моќта на поетскиот збор и уметноста, затоа што Велестово е наше но и планетарно поетско место, кажа Ангелоска.

„Нашите сограѓани, како и гостите во Охрид, ги повикувам да ги почитуваме и посетуваме овие културни манифестации, да го посетат Велестово. Со самото тоа да ги слушнат пораките што ќе ги пренесат уметниците за да можат и натаму да ги пренесуваат. Ги повикувам да ја негуваме нашата култура, да можеме да го препознаеме убавиот збор, да го практикуваме и да го пренесуваме на идните генерации на тој начин вложувајќи во развојот на културата„ – кажа Ангелоска.

Оваа година манифестацијата е збогатена со соработка со  Арт поинт Гумно. Во тремот на црквата „Успение на Света Богородица“ ќе биде отворена изложба „15 години – Арт поинт гумно“ со дела на уметници од светот. А во соработка со  Фондацијата Славко Јанески која ја доделува наградата Роман на годината во сабота ќе биде претставен романот за 2017та година  „Одбројување“ на Фросина Пармаковска. Настанот ќе се одржи 21 јули (сабота) во куќата на „Уранија“ со почеток во 20 часот. Уште една интересна соработка е поместена на програмата истиот ден, во 21 часот. На „Поетската ноќ во Велестово“ гостуваат учесници на поетските читања насловени како „Имам нешто да ти кажам“ кои се одржуваат во кафе бар Шила.  Во рамки на Оф програмата , во недела во 19 часот поместена е промоцијат аДва света на Руми во препев на Тихомир Јанчовски. Во чест на јубилејот во подготовка е монографија „30 години Поетска ноќ во Велестово“ која ќе биде промовирана следниот месец. Манифестацијата финансиски и логистички е поддржана од општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top