Јубилеј достоен за почит

Јубилеј достоен за почит. Отворениот граѓански Универзитет за доживотно учење Кузман Шапкарев денес го одбележа своето 60 годишно постоење. Јубилејот говори дека го оправдавме нашето опстојување во системот на државата, вели директорката Славица Ристека.

 |  Николоска Биљана  | 
jubilej
јубилеј

janev sesoОтворениот граѓански Универзитет за доживотно учење Кузман Шапкарев, претставува еден од темелите на цело образование кое што не е предвидено со законите за основнио и средно образование во Р. Македонија, изјави заменикот на градоналчалникот на Охрид, Ангел Јанев, на одбележувањето на јубилејот- 60 години од постоењето на оваа институција.

„Ја користам оваа прилика да го честитам овој јубилеј со надеж и желба да го славиме и наредните години во една успешна соработка а ние од Локалната самоуправа и советот на Охрид ќе се обидеме со сите наши можности и средства да помогниме овие јубилеи да постанат постојани успешни со сите оние резултати кој што ги носи ваквиот тип на образование во Р. Македонија“– вели Јанев.

Славица Ристеска, директорката на Отворениот граѓански Универзитет за доживотно учење Кузман Шапкарев, нагласи дека денес после 60 години опстојување на оваа институција можат да се пофалат дека го оправдале она што во далечната 1954 година го направиле нејзините основачи. Воедно Ристеска го потенцира она што е најзначајно од нивната програма за 2014 год.

jubilej„Се покажа дека е многу неопходна за образованието во нашава држава за образованието на возрасните и ние ќе се трудиме и понатака оваа институција и понатка да работи со поддршка на нашите предавачи со поддршка на Локалната и Централната власт. Предвидено е подготвителна настава за семејств социјални за нивните деца, предвиден е проект за изучување на странски јазици на сите лица што се вклучени во туризмот, предвидено е исто така аплицирање во проекти со Локалната самоуправа и за понатамошно образование на возрасните со што даваме втора шанса во животот да си обезбедат егзистенција“ – изјави Ристеска.

Работничкиот Универзитет е основан 1954г од страна на Синдикалните организации од Охрид. Првите активности им биле организирање на обуки и доквалификации на возрасни работници. Од 60те години веќе преминува во општинска установа и  добива верификација за основно образование за возрасни а потоа се организираат обуки за возрасни како од стручно образование така и од странски јазици.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top