Ознака: Шампиони

Кој ќе е прв финалист во Лига на шампиони ?

Post Views: 6 Историјата е на страна на Баварците, кои на свој терен никогаш не загубиле од Мадриѓаните. Во досегашните 9 средби во Минхен, Баерн славел 8 пати и еднаш одиграле нерешено. Меѓутоа Карло Анчелоти пак никогаш во кариерата не загубил од актуелен европски шампион. Баерн и Рeал досега одиграле пет полуфинални средби во Лига на шампиони, а кралскиот клуб успеал само еднаш да избори пласман во финале. Двете екипи за викендот славеа во своите шампионати, Баерн против Вердер со 5-2, а Реал против Осасуна беше убедлив со 4-0. Тренерот на актуелниот шампион, Пеп Гвардиола изјавил...

Continue reading

Тренерски ѕвезди во лов на големото финале

Post Views: 5 Двете најдобри одбранбени екипи во Шпанија и Англија ќе се сретнат вечерва во првото полуфинале од Лигата на шампиони кое ќе се одигра во Мадрид со почеток во 20.45 часот. Тренерот на Атлетико, Аргентинецот Диего Симеоне, се надева дека неговата екипа вечерва ќе биде во состојба да ги прикрие своите слабости и да ги искористи своите предности и на тој начин да избори поволен резултат за реваншот во Лондон кај Челзи. За Атлетико ова би било сон кој го чекаат 40 години. “Ние и Челзи не сме исти екипи, но делиме слични особини и сличен стил на игра. И ние и тие играме добра...

Continue reading

Извлечени полуфиналните двојки во Лига на шампиони и Лига Европа

Post Views: 8     Интерсни полуфинални двојки во Лига Европа од кои едно шпанско полуфинале помеѓу Севиља и Валенсија, додека Бенфика како домаќин го пречекува италијанскиот шампион Јувентус. Во извлекувањето на полуфиналните двојки во Лигата на шампиони беа извлечени парови каде ќе гледаме спектакуларни мечеви. Првиот пар носи пресметка помеѓу гигантите Реал Мадрид како домаќин и Баерн Минхен, додека другиот пар е пријатното изненадување Атлетико Мадрид со Челзи.    Полуфинални двојки во Лигата на шампиони Реал Мадрид – Баерн Минхен Атлетико Мадрид – Челзи Полуфинални...

Continue reading

На добар пат према врвот

Post Views: 5 Како Атлетико успеа да ги измеша сметките на Барселона. Тие со Борусија Дортмунд се најголема опозиција на великаните како Баерн, Реал, Барселона, Челзи, ПСЖ и други. Зошто опозиција? Атлетико и Борусија се две екипи составени претежно од домашни играчи и со многу поскромни буџети од останатите тимови кои се најдоја во четвртфиналната фаза во Лигата на шампиони, и на нивните клупи седат двајца емотивци кои успеаја своите идеи да ги пренесат на дело. Токму Атлетико со елиминацијата на Барселона ја замени минатогодишната улога на Борусија. Диего Симеоне е најголема ѕвезда...

Continue reading

Извлечени двојките во Лига на шампиони и Лига Европа

Post Views: 4 Парови за четвртфиналето во Лига на шампиони се: Барселона – Атлетико Мадрид Реал Мадрид – Борусија Дортмунд ПСЖ – Челзи Манчестер Јунајтед – Баерн Барселона и Атлетико играат за прв пат еден европски натпревар, ПСЖ и Челзи се состанале само еднаш во двомеч, Реал и Дортмунд досега одиграле осум пати меѓусебе, додека Баерн и Манчестер се сретнале девет пати од кои едно финале во 1999 година. Финалето во Лига на шампиони е на 24-мај во Лисабон. Парови за Лига Европа се: АЗ Алкмар – Бенфика Олимпик Лион – Јувентус Базел – Валенсија Порто – Севиља Финалето од Лига Европа...

Continue reading

Скандал во Лигата на шампиони

Post Views: 8 Зенит победи со 2-1 во возвратниот натпревар во осмина финалето од Лигата на шампиони, но тоа не беше доволно за да одат понатаму. Борусија славеше во С.Петерсбург со 4-2 и на својот стадион, иако поразени го потврдија пласманот во четвртина финалето. На синоќешниот натпревар од Лигата на шампиони во Дортмунд, навивачите на Зенит се потрудија да фрлат сенка врз своите фудбалери и на се што се однесува на фудбалот. Дортмунд вчера вечер го посетиле и руски хулигани. Тие од Зенит се едни од најпознатите, а оваа сезона веќе правеле нереди и вон стадионите на натпреварите...

Continue reading

Паника на Олд Трафорд

Post Views: 2 Менаџерот на Манчестер Јунајтед веќе го доби прекарот „Волкот од ВолСтрит„ кој бил експерт за рушење на вредноста на акциите, односно експерт за измама на клиентите кои за големи провизии продавал безвредни акции, а букмејкерите на една голема обложувалница го почастија Мојс со тој прекар бидејќи акциите на клубот од Олд Трафорд потонаа на њујоршката берза за околу 250 милиони во последните шест месеци. Драстичен пад на акциите се поклопува со доаѓањето на Дејвид Мојс и заминувањето на Алекс Фергусон од клупата на Манчестер Јунајтед. Под водство на Мојс, црвените ѓаволи...

Continue reading

Македонија доби 17. шампиони во поединечна конкуренција на државното првенство за 2019 година

Post Views: 0 Викендов во Охрид во салата „Билјанини Извори“ се одржа 26. државно поединечно првенство во бокс за деца, кадети, јуниори и сениори. Во сениорска конкуренција се одржа една борба, Јасин Љама од БК Чаир во категоријата 60 кг го победи Оран Шаќироски од БК Пелистер 2007 со одлука на судиите, резултатот 3-0. Во оваа конкуренција не се одржаа борбите меѓу Гоце Јанески од Аперкат и Харис Рамадани од Чаир, поради повреда на Јанески, титулата државен првак му припадна на Рамадани во категоријата до 75 кг. Поради повреда на Али Аземи од Шкендија Но Лимит, победник во категоријата...

Continue reading

Pero Antic

Перо Антиќ, пристигна во Атланта

Post Views: 8 Според моменталните информации, Антиќ е можно да дебитира за Атланта на 7 октомври, кога Атланта Хоукс ќе играат во предсезоната против шампионот Мајами.Атланта ја почнува сезоната на 30 октомври против Далас Маверикс.Антиќ почнал да игра кошарка на 11 годишна возраст, во клубот КК Работнички. На возраст од 16 години го направи своето деби во првиот тим на клубот, а на 17 години, отишол на колеџ во САД.Својата професионална кариера ја започнал во КК Работнички од Скопје во 1999 година. Настапувал за АЕК од Атина од 2001 до 2005 година (каде во 2001 го освојуваат Купот...

Continue reading

Arjen Roben

Најдобрата партија во историјата на Баерн

Post Views: 1 Арјен Робен беше стрелец на еден од четири погодоци со кои Баерн ја прегазиБарселона во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони. Холанѓанецот покрај постигнатиот гол асистираше за првиот и вториот погодок на својот тим и на крајот заклучи дека ова е најдобрата фудбалска партија во историјата на Баерн. „Барселона доминира во Европа во изминативе неколку години, па кога ќе се слави ваква победа против нив, секако дека само можеш да бидеш горд. Одигравме фантастичен натпревар, но сега не чека реваншот во Барселона. Се боревме за секоја педа од теренот, не им...

Continue reading

Zlatan Ibrahimovic

Ибрахимовиќ ќе одмара два меча

Post Views: 4 Најдобриот играч на ПСЖ ќе ги пропушти реваншот против Валенсија и првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони доколку клубот од Париз мине понатаму. Дисциплинската комисија на УЕФА го суспендира голгетерот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ на два натпревара заради исклучувањето на првиот осминафинален дуел од ЛШ против Валенсија.Ибрахимовиќ заработи директен црвен картон во победата на Местаља од 2:1 на 12. февруари, откако стартуваше над Андрес Гвардадо.„Изненаден сум со оваа одлука. Јас веќе бев шокиран кога Ибрахимовиќ беше исклучен, сметам дека престрого заработи...

Continue reading

logo

Ќе слави ли Баерн?

Post Views: 9 Баерн Минхен ќе биде домаќин на финалето од Лигата на шампиони, но на натпреварот против Челси тие освен предноста од домашниот терен, нема да имаат многу поголема поддршка од своите навивачи. Финалето на Лигата на шампиони ќе се одигра на 19 мај на Алијанц арената во Минхен, домашниот стадион на Баерн и тоа сигурно ќе биде од огромна помош за Баварците, но поддршката од трибините ќе биде подеднаква и за нив и за Челси. Капацитетот на Алијанц арената изнесува 69.000 гледачи, но на европските натпревари капацитетот е намален на 66.000 гледачи.Според прописите на УЕФА,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top