Ознака: Шампиони

Повторно мадридско финале во Лигата на шампиони

Post Views: 3 Вториот финалист на Лигата на шампиони е Реал Мадрид кој со 1-0 во реваншот го победи Манчестер Сити. Кралскиот клуб на 28 мај во Милано ќе игра против градскиот ривал Атлетико кој го елиминира пак Баерн од Минхен. Кралскиот клуб заслужено дојде до финалето бидејќи во текот на сите 90 минути доминираше против анемичниот Манчестер Сити, кој може да биде задоволен што од Бернабеу замина само со еден примен гол. Шпанскиот состав, особено во вториот дел, пропушти неколку фантастични прилики и би било сосем незаслужено ако англискиот тим во завршницата постигнеше гол и продолжеше...

Continue reading

Минимални победи на Барселона и Баерн во првите четвртфинални средби од Лигата на шампиони

Post Views: 3 Барселона на Ноу Камп го победи Атлетико Мадрид со 2-1 откако еден час имаше играч повеќе, додека Баерн против Бенфика славеше со 1-0. Возвратните средби се на 13 април во Мадрид и Лисабон. Атлетико поведе во 25 минута со голот на Фернандо Торес, но десет минути подоцна е исклучен поради вториот жолт картон. Во продолжението на средбата Каталонците успеаа да го свртат резултатот со головите на Луис Суарез (63 и 74 минута). Освен црвениот картон, германскиот судија Брих во цврст и нервозен натпревар покажа уште осум жолти картони. Барселона деветта сезона по ред игра...

Continue reading

УЕФА ја “спасува” Лигата на шампиони

Post Views: 7 Не поминаа ниту два месеци од појавата на информацијата која го стресе европскиот фудбал, а се чини дека УЕФА спрема компромисен договор. Да потсетиме, англиските медиуми објавија дека во Лондон се случи таен состанок на најбогатите клубови на кој се расправало за основање на лига на богати, односно некаква “суперлига”. Сега од островото пристигнуваат нови информации и тоа не од таблоиди туку од угледниот Guardian кој тврди дека УЕФА попушта под притисокот на сопствениците на најбогатите клубови во Европа. Со падот на Мишел Платини, кој воведе можност прваците на други...

Continue reading

Уште пет слободни места за нокаут фазата во Лигата на шампиони

Post Views: 6 Од групата А понатаму одат Реал Мадрид и ПСЖ, додека Шахтјор се сели во Лигата на Европа. Во групата Б првите две места и 1/8 финале изборија Волфсбург и ПСВ, а Манчестер Јунајтед натпреварувањето го продолжува во Лига на Европа. Во групата Ц Атлетико го освои првото место, понатаму оди и Бенфика, а во Лига Европа ќе игра Галата Сарај. Во групата Д понатаму одат Манчестер Сити и Јувентус, а во Лига Европа оди Севиља. Пред вечерашните натпревари на последното коло од групите Е, Ф, Г и Х, 1/8 финале обезбедија Барселона Баерн и Зенит. Во групата Е до второто место можат...

Continue reading

Сите комбинации пред расплетот во Лигата на шампиони

Post Views: 3 Девет учесници во осминафиналето на Лигата на шампиони веќе се познати и меѓу 16 најдобри во овогодишното натпреварување осигураа Реал Мадрид, ПСЖ, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус, Манчестер Сити, Барселона, Баерн Минхен и Зенит. Меѓу остатокот од друштвото многумина ќе се задоволат со третото место кое води во 1/16 финале на Лигата на Европа, а само три клуба се вон сите комбинации, Динамо, Макаби и Лион. Во групата А јасно е дека Реал Мадрид е прв, а ПСЖ втор. Шахтјор и Малме се борат за третата позиција со тоа што Украинците се во голема предност бидејќи се подобри...

Continue reading

Европа добива Лига на шампиони и во кошарка?

Post Views: 7 На состанокот биле присутни претставници на Фенербахче, Макаби, Олимпијакос и Реал Мадрид, претседателот на кошаркарскиот сојуз на Грција, Италија, Шпанија, Турција и челните луѓе на актуелната Евролига. Предложено е Лигата на шампиони да биде водена од компании чии сопственици би биле најголемите европски клубови (50%) и нивните инвеститори (50%). Спрема истиот предлог клубовите учесници годишно би поделиле по 30 милиони евра при што во формирањето на клупските буџети би бил обврзувачки финансискиот фер-плеј. За овој предлог клубовите и националните сојузи се обврзани...

Continue reading

Лигата на шампиони сѐ поблизу и во Казахстан

Post Views: 2 Првакот на Казахстан, Астана, го победи кипарски Апоел со 1-0, а единствениот гол го постигна Бурзан Ѕолчиев во 14 минута. Имено, Астана е најголемиот хит во квалификациите – ги елиминираа фаворизираните Марибор и Хелсинки, а сега ги делат уште 90 минути до тотална сензација.Со идентичен резултат заврши и натпреварот Бате Борисов – Партизан, со тоа што на Белорусите им требаше многу подолго да го постигнат единствениот гол на Михаил Гордејчук во 75 минута, а Партизан целото второ полувреме го играше со играч помалку бидејќи црвен картон заработи Марко Јевтовиќ.Манчестер...

Continue reading

Можно “El clasico” финале во Лигата на шампиони

Post Views: 6 Преостана само еден натпревар до најзначајниот “El clasico” во историјата. “Тоа би било навистина возбудливо финале. Барселона и Реал за прв пат би се сретнале во финалето на најзначајното натпреварување”, порача стоперот на Барселона Жерар Пике по натпреварот со Баерн, и додал дека не би имал ништо против во финалето да се сретнат со лутиот ривал. Ништо против не би имале ниту Мадриѓаните на кои ова би им било 14 финале и можност за соборување на уште еден рекорд. Минатата сезона падна “decima”, а оваа може да падне првата одбрана на титулата европски шампион, откако...

Continue reading

Четирите гиганти во Лигата на шампиони прикажани низ бројки

Post Views: 3 Фудбалската лига на шампиони дојде до самата завршница, а во полуфиналето ќе се сретнат Барселона – Баерн Минхен и Јувентус – Реал Мадрид. Фудбалските експерти се сложуваат во една работа, а тоа е дека во моментов во светскиот фудбал ова е најдоброто што се нуди, но и гледано низ бизнис бројките, тоа е врвот. Јувентус е најсиромашен, приходите во минатата сезона биле само 279 милиони евра, а најголем дел од тоа е од продажба на влезници. Приходите на Барселона се 484 милиони евра, од што најмногу од реклами, додека Баерн Минхен заработил 487 милиони евра и е лидер во...

Continue reading

Повторно спектакуларни натпревари во Лигата на шампиони

Post Views: 4 Интересен е податокот дека единствено Баерн Минхен го добил повеќе пати Реал Мадрид во Лигата на шампиони отколку Јувентус. Баерн славел осум пати, а Јувентус пет. Ждрепката сакаше да се сретнат Јувентус – Реал Мадрид и Барселона – Баерн Минхен, додека во Лигата на Европа се среќаваат Севиља – Фиорентина и Наполи – Днипро. Реал Мадрид, Баерн, Барселона и Јувентус се четирите клубови кои останаа во конкуренција за овосезонската Лига на шампиони. Полуфиналните двојки ги извлече Карл-Хајнц Ридл, светски првак со Германија во 1990 година и освојувач на Лигата на шампиони...

Continue reading

Барселона во лов на историски потфат

Post Views: 6 Четири европски великани оваа сезона можат да дојдат до трите највредни клупски трофеи, таканаречен “treble” – Лигата на шампиони, првенството и националниот куп. Барселона има освоено “treble”, додека на ПСЖ, Јувентус и Баерн тоа би им било по прв пат. Колку е тоа тешко во една сезона говори податокот дека со ова можат да се пофалат само шест клубови: Селтик (1967), Ајакс (1972), ПСВ (1988), Манчестер Јунајтед (1999), Барселона (2009) и Интер (2010). На оваа листа очигледно го нема Реал Мадрид, десеткратниот првак на Европа, официјално најдобриот клуб на 20 век и реално...

Continue reading

Реал Мадрид со математика до титулата

Post Views: 6 Барселона со минималната победа кај Селта ги задржа четирите бода предност пред Реал во завршницата на сезоната. Жереми Матје повторно се покажа како еден од клучните луѓе во Барселона. Откако погоди против Реал, донесе важни три бода и од кај Селта. Се извлече Барселона на незгодното гостување по притисокот на Реал кој со неверојатните 9-1 ја демолираше Алмерија. Разликата остана четири бода, а одбројувањето до крајот на првенството застана на девет кола. Толку останаа до крајот, а во Мадрид направиле математика без калкулации. Ги сакаат сите 27 бода во преостанатитедевет...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top